Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со достоинствено и прифатливо решение да ги испишеме белите страници на иднината

0
By Нова ТВ on January 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 9, 2019 18:12

Вашата позитивна одлука тука во Собранието денеска ја приближува Македонија до членството во НАТО, до моментот кога македонското знаме гордо ќе се вее на јарболот во Брисел со знамињата на останатите земји-членки, но исто така и ја прави извесна можноста во јуни да ги отвориме првите поглавја во преговорите со Европската Унија, кои треба да ги затвориме во 2025 година – ова го порача вечерва премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, обраќајќи им се на пратениците на 75. седница на која се расправа за уставните измени во трета фаза, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Претседателот на Собранието по екпозето на Заев за утре ја одложи расправата за уставните измени. Седницата ја закажа за 13 часот.

– Вашата одлука е меѓу овие два избора, големината на оваа историска одлука треба да ја препознаеме сите. Вашиот глас е глас за полноправно членство на земјата во НАТО за помалку од една година, вашиот глас ја става земјата во семејството на ЕУ, нагласи Заев и додаде дека секој глас „против“ е всушност глас за изолација и нова политичка криза.

Да ги кренеме главите и да се издигнеме над поделбите, им порача Заев на пратениците, додавајќи дека пред нас се белите страници на нашата иднина.

-Наместо со горчина и гнев денеска да ги испишуваме овие страници со надеж, заедништво, солидарност за нашата заедничка, граѓанска и македонска држав, нагласи Заев и додаде дека одговорност на пратениците е да им обезбедат на граѓаните да живеат во стабилна заедничка и економски просперитетна држава.

-Денешниот ден и вашата одлука на крајот на седницата не става поблиску до чинот кога ќе го потпишеме протоколот за пристапување во НАТО, посочи премиерот и истакна дека Македонија ќе биде 30.членка на Алијансата, а Грција ќе биде прва која ќе го побара тоа.

Потсети дека на 17 јуни лани во Преспа беше потпишан документ со кој се означи крај на неизвеноста, која се закануваше да оди во недоглед.

-Изнајдовме достоинствено и прифатливо решение за двете страни, нагласи Заев. Со целиот овој процес, посочи, за затвора прашањето дали постои македонски народ и дали зборуваме на македонски јазик, а се отвораат и перспективите за секоја нова идна генерација.

-Имаме кристална и недвосмилена потврда за македонскиот идентитет, Македонец, Македонка, Македонци, како дома, така и во странство преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Македонски идентитет за севкупна употреба. Конечно Грција повеќе не го оспорува нашето право за самоопределување, нагласи премиерот.

Истакна дека во целиот процес никому ништо не сме му подариле, ниту некој на некого нешто одзел кога била договорена географската одредница.

– Процесот треба да заврши со измени на Уставот, што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство. Тој свечен чин ќе биде кулминација на сите наши напори за израз на нашата посветеност да најдеме решение. Се издгигнавме над стравот  за да обезбедиме безбедна и спокојна иднина, да ги обезличиме манипулациите, да ги отфрлиме ѕидовите, да го потврдиме ова историско решение. Целиот демократски свет, сите наши пријатели, партнери и поддржувачи порачаа дека договорот не извлекува од минатото и ја потврдува нашата европска иднина, додаде тој.

Изрази благодарност до коалициските партнери, ДУИ, ДПА, Беса на Африм Гаши, осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои покажале конструктивност во целиот процес за разлика од останатите пратеници од македонскиот опозициски блок.

Се заблагодари и на Алијансата за Албанците  и на партијата БЕСА на  Биљал Касами.

Преку овие пратеници, како што рече Заев, се подобрил новиот Устав  во функција на едно општество за сите, „ затоа што и покрај тоа водеа грижа за разбирањето на македонската етничка заедница  од нашата заедничка Македонија.“

-Очекувам дури и конечните одлуки од БЕСА на Биљал Касами ќе останат позитивни токму во овој фокус, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.