Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека датумот на локалните избори нема да се менува. Според тоа што го утврдиле работните групи, пописот се поклопува со кампањата за локалните избори само три дена, а тоа не прави голема разлика.
– Датумот, според предлогот од работните групи, во кои учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно нема промени на датумот утврден во самиот Изборен законик. Имаше дилеми поради поклопување на трите дена од пописот со кампањата, но се одлучи дека трите дена не менуваат ништо. Пописот е обична активност којашто финишира преку ден, a кампањите се водат навечер – рече Заев.