Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот фејсбук профил го честиташе официјализирањето на членството во НАТО со кревање на македонското знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел.
„Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки. Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме. Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз“, вели Заев.
Оваа историска вест дополнува лидерот на СДСМ, во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава. Заев на својот профил постираше и видео од денешната свечена церемонија во Брисел.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1121355574880758/?t=19




