НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев денес ќе му ја раскаже на Јункер успешната македонска приказна

0
By Светлана Јовановска on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средбата на премиерот Зоран Заев со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер е закажана за 16,30 часот денес во Брисел. Ова е прва средба на македонски премиер со шефот на извршното тело на ЕУ во последниве 8 осум години.

Откако Јункер изјави дека постои можност Србија и Црна Гора да станат членки на ЕУ во 2025 година, Заев одлучи да ја пренесе и пораката на Македонија која гласи – и ние заслужуваме да се најдеме во друштвото на Белград и Подгорица, да добиеме барем датум за старт на преговори за членство во 2018 година затоа што Македонија е најуспешната приказна на Балканот во последните години.

Србија и Црна Гора веќе преговараат со ЕУ а Јункер треба да ги чуе и македонските аргументи што Заев ги пренесе на својот ФБ профил:

– Дојдовме со аргументи дека се ​​создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ. Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година, наведува Заев.

– Со новата власт Македонија има силни аргументи со кои може да се претстави пред Јункер како договорот со Бугарија, разбивањето на мразот со Грција и вистинската желба проблемот со името да се реши но пред се со  судските реформи и реформата на разузнавачките служби. Некои од нив се започнати, јавниот обвинител ќе биде именуван наскоро, реформата во УБК добро напредува а некои реформи се очекуваат во наредните два месеци како на пример Законот за заштитени сведоци, укинување на Советот на верификација на факти во судството и реформата на Судскиот совет, вели европски извор за НОВА.

Нашиот извор вели дека се уште има проблеми па така од Македонија се очекува да внимава на критериумите за именување на судии и да не тргне по патот на претоходната влада. Именуваните судии треба да доаѓаат од Судската академија и мора да се избегнат партиски именувања, додава изворот.

И покрај ентузијазмот на Комисијата на Јункер за нов елан во односите со земјите од Балканот, потребно е многу повеќе труд за да се убедат земјите членки. Така, Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија и Луксембург воопшто не се сигурни дека ќе кренат палец нагоре за стратегијата на ЕК за Балканот. Според нашиот извор, само силни реформи можат да ги убедат во тоа.

Освен со Јункер, Заев  денес ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

– Со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан уште еднаш ќе ги потврдиме нашите партнерски односи на патот на исполнување на стратешката цел Република Македонија да стане членка на ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Македонскиот премиер ќе учествува и на трибината „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.

Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.