Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до Иванов: Има рок од 10 дена за да го даде мандатот

2
By Нова ТВ on March 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска рече дека „нема да воведуваат нови пракси“ и ќе го чекаат претседателот Иванов да и го даде мандатот во рок од 10 дена. Тој најави дека денеска во писмена форма на претстедателот Иванов ќе му биде доставена програмата на новата владина коалиција.

– Денеска ја презентираме програмата на Владата овде, затоа што не е возможно тоа да биде во Собранието. Ќе се обидеме да ги отстраниме сите сомнежи на претседателот Ѓорге Иванов за да може тој во рок од 10 дена да го даде мандатот. Иванов со неговата одлука нанесе државен удар на Македонија , рече Заев на презентацијата на програмата во седиштето на партијата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното обраќање ја претстави програмата на новата реформска Влада, на која како што рече тој ќе биде премиер.

Тој нагласи дека не се доведува во прашање унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.

– Како одговорен политичар денеска сум тука за да кажам дека ќе бидам премиер на сите граѓани на Република Македонија. Секој од вас е подеднакво важен. Ја разбирам загриженоста на граѓаните што се на улица како резултат на пропагандата на власта, која сака да се заштити од она што следува – одговорност за криминалот. Зборуваат за унитарност, а работат на поделби. Ова е опасна игра на Никола Груевски и на неколкумина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Лага е дека сите ќе треба да учат некој друг јазик, а во спротивно дека ќе бидат казнети, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција. Казнените одредби постојат и сега и тие се однесуваат на институции кои не го почитуваат Уставот и законот, појасни тој.

– Ќе донесеме закон за унапредување на јазиците, кој ќе овозможи сите граѓани полесно да функционираат во комуникациите со државните институции и тоа да биде во рамките на Уставот. Силно веруваме во концептот едно општество за сите. Македонија ќе се гради како граѓанска држава. На граѓаните Албанци ќе им овозможиме да комуницираат со институциите на својот јазик. Сите граѓани полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права, рече Заев.

-Новата влада ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците со што ќе се прошири употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните т.е. албанскиот јазик во рамките на аманданот 5 од Уставот. Законот ќе ја прошири употребата на јазикот во институциите и ќе овозможи на граѓаните Албанци да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик, рече Заев.

Банкнотите на денарите се користат на територијата на целата држава и нивното испишување на друг јазик е спротивно на уставните одредби. Во полицијата и во армијата униформата е единствена на територијата на цела држава, па правење разлики на униформата исто така, не е во согласност со уставните одредби, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев по образложувањето на

Во програмата што тој ја претстави рече дека ќе се формира специјално одделение во Основниот суд Скопје 1 за предметите на СЈО, ќе има зголемена контрола на буџетот и на трошењето на буџетските пари, независен и ефикасен правосуден систем, еднаков пристап до правдата на сите граѓани, партиите ќе стојат настрана од судовите, а секој судија ќе биде подложуван на постојани контроли.

Во однос на медиумите, тој рече дека тие ќе бидат независни, ќе има реформи според предлогот за итни демократски реформи, т.н. документ блу принт создаден од граѓанските организации, ќе се реформира МРТ независно од политичките влијанија.

Тој меѓудругото рече и дека ќе се работи на расветлување на случајот „Диво насеље“ за што ќе биде побарана и меѓународна поддршка за истрагата.

Тој најави дека ќе има целосна промена на начинот на водење на политика во Македонија.

– Дојдено е време политичарите да се плашат од граѓаните, да поднесат отчет и да понесат одговорност,  додаде Заев.

Заев исто така апелираше до граѓаните да не се вознемируваат понатаму со лажни вести.

– Програмата на новата влада ги содржи принципите на предизборната програма на СДСМ, како и на партиите кои освоија пратеници и кои се дел од новото парламентарно мнозинство. Наши стратешкии цели се подобар живот на сите граѓани, враќање на демократијата, владеење на правото, ефикасни институции, интеграција во ЕУ и НАТО. Ветувам дека РМ ќе биде држава на сите граѓани. Нема веќе блиски и неблиски со власта. Ќе градиме едно обединето општество со блиску односи меѓу граѓаните од сите етнички заедници, рече тој и ги повика граѓаните да се вклучат во реформите.

На претседателот Ѓорге Иванов му порача дека со денешната презентација на програмата на новата влада во седиштето на партијата, а не во Собранието, бидејќи им е ускратена можноста за тоа, сака да покаже дека не постојат никакво платформи, туку единствена програма.

– Не сакаме да воведуваме нови пракси во Македонија. Затоа сме вака упорни и пред граѓаните и пред господинот Иванов. Сакам да го разубедам господинот Иванов дека нема повеќе платформи и планови, има единствено програма за идна влада на Република Македонија, рече Заев.

Од опозицијата побара да ја коментира програмата која од денеска е јавна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.