Published: Tuesday, February 17, 2015 00:08
Јутјуб канал со наслов Правата вистина денска објави видео порака од група која се нарекува “Македонски анонимуси” . Во видео пораката тие соопштуваат дека го хакирале, како што велат “дувлото” на Зоран Заев и дека ќе објавуваат матерјали за кој велат дека Заев сака да ги сокрие.
На оваа закана ноќва на својот ФБ профил одговори Зоран Заев.
Навивајте за нас затоа што искрено и чесно се бориме за слобода. Помогнете затоа шти се работи за слободата на сите и за нашата татковина. Навивајте и помогнете затоа што убаво е да се биде со победникот. А ќе победи Вистината за Македонија!
П.С
Подготвени сме за таканаречените анонимуси..нека почнат па ќе видат што значи вистински анонимуси, напиша претседателот на СДСМ ,Зоран Заев на својот ФБ профил.




