Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени во многу брз период

0
By Нова ТВ on May 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 29, 2015 16:18


По средбата со бугарскиот премиер Бојко Босиров, лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со случајот Смилковско езеро, истакна дека во многу брз временски период и доказите за овој случај ќе бидат споделени со јавноста.

-Знаете дека Смилковското Езеро е еден од пакетите на докази коишто и граѓаните на Македонија ги чекаат. Ние се трудиме да бидеме внимателни со објавувањето на тие докази коишто ги поседуваме. Зошто? Заради тоа што е чувствителна состојбата во Република Македонија после настаните во Куманово. Но, ветивме на граѓаните дека целата вистина ќе ја споделиме, така што во многу брз временски период и доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени со јавноста, рече Заев.

Заев истакна дека мора да се изнајде начин за излез од кризата по мирен пат.

-Со отварањето на кризата во Македонија се случија и настаните во Куманово, кадешто загинаа 8 припадници на нашите специјални единици и загинаа 10 припадници на терористичките групи, во јадрото на вториот по големина град во Република Македонија, Куманово. Тоа веднаш го отвори проблемот како регионален. Нормално овде на Балканскиот полуостров, грижата е присутна не само во Македонија туку и кај нашите соседи. Бугарија е голем пријател на Република Македонија.

Јас денеска ја искористив токму таа прилика да ги споделам информациите и со претседателот на Владата, првиот министер, г-динот Борисов, но и со заменик претседателот на мојата сестринска партија БСП, на еден демократски начин да ги запознаеме со деталите. Начинот за излез од кризата во Македонија е согласно европската традиција и пракса.

Не сакаме да ги повтараме сценаријата коишто ги видовме во Украина или како што се случуваа порано во Србија. Во 21 век, втора декада, по мирен начин, без насилство мора да се најдат решенија. Ние веќе започнавме разговори во Македонија. Во вторник е комесарот за проширување Хан, во Македонија. Заедно ќе се обидеме да навлеземе во преговори. Нашето барање е слично по примерот на Бугарија да создадеме техничка Влада, без влијание на двете најголеми партии, од опозицијата, или власта, на демократски начин, во соодветен период од 6 до 9 месеци, да ја подготви Македонија, со Изборен законик, со Избирачкиот список, со Антикорупциската комисија, Државната изборна комисија и многу други слабости коишто системот ги има, и да излеземе на фер, демократски и регуларни избори.

Народот е тој којшто ја дава власта и народот е тој којшто ќе одлучи во кој правец да се движи Македонија и кој да ја води. Но, ред е политичарите после демократски и фер избори да си подадат рака и заедно да ја градат иднината на својата земја, рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.