СДСМ подготвила нов економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради епидемијата – во вкупна вредност од 200 милиони евра.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1377637165773743/
Така функционерите и раководители на државно и локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, судии и обвинители ќе земаат минимална плата за месеците април и мај. На минимална плата одат и вработените во јавниот сектор. Ова не се однесува на лекарите, полицијата и војниците.
„Имаме добра економска подлога да се справивме со економската криза од коронавирусот поради политиките преземени во последните 2,5 години“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нагласувајќи дека „подобро два месеци со минимална плата за сите отколу да нема за никој“.
СДСМ предлага државата да исплати минимална плата за април и мај, за секој работник, во фирмите погодени од кризата, а фирмите сами да си ги платат придонесите и персоналниот данок. Оние фирми кои се помалку опфатени нема да влезат во оваа мерка, појасни Заев.
Услови за ова ќе биде фирмите да немаат исплатено дивиденда и бонуси, а нема да се пресметува помошта за сите оние кои имаат плата над 39.900 денари, односно граничникот е една и пол просечна палта.
Фирмите кои ќе аплицираат мора да имаат ист број вработени како пред корона кризата. Ако отпуштиле вработени, ќе треба да ги вратат, па потоа да аплицираат. Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест во висина од просечната плата.
Дел од мерките насочени кон граѓаните и работниците се и за медиумите, најранливите групи, спортистите и уметниците.
„Оние лица кои се без работен ангажман ќе добијат 7. 000 денари по домаќинство. Поддршка ќе добијат и лицата кои се дел од социјалната заштита, најранливата категорија, додаток за месеците април и мај. Помош и за медиумските работници и медиумките куќи во износ од 14. 500 денари по вработен за месеците април и мај. Помош за спортистите и уметниците. Плата од 14,500 денари во април и мај за спортистите, а за уметниците во април и мај придонеси преку Министерството за култура“, рече Заев.




