Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев е оптимист за датумот-Франција инсистира на методологија за преговорите

0
By Нова ТВ on October 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2019 14:38

Премиерот Зоран Заев не очекува дебатата што се води кај одредени земји членки на ЕУ за идните методолошки пристапи во преговарачките процес да биде пречка за добивање датум за преговори за нашата земја. Конкретно тој говореше за ставот на Франција, кој според француски дипломатски извори е против  отворањето преговори со Северна Македонија поради недостатокот на напредок во реформата на статусот на Специјалното јавно обвинителство.

-Франција е наш голем пријател. Информациите ни кажуваат дека се бара методологија која ќе ги убрза преговорите, но може и да ги врати назад кога не успеваат државите. И тоа е фер позиција затоа што ние не сакаме само да преговораме, да отвораме и затвораме поглавја, туку сакаме да се трансформираме кон подобро и да станеме еднаква, од сите можни аспекти, земја и народ со Европа и европските народи. Верувам низ потребата на Франција и други земји да се вгради една таква методологија, сепак, нема да биде пречка за донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Нема земја која денес е членка на ЕУ или преговара со ЕУ која направила повеќе од РСМ за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите, вели Заев подвлекувајќи дека е оптимист и дека сепак не би сакал да избрзува со какви било заклучоци.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска изјави дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме.
-Ако има нешто што нè обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на Северна Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото ѝ е помеѓу нас во ЕУ, да соработуваме.  Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка, изјави Тимоние на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври во Куманово.

МИА повикувајќи се на дипломатски извор вчера објави дека Париз смета дека Северна Македонија мора да приложи дополнителни напори посебно во делот на Специјалното јавно обвинителство, дека останува уште многу работа и за Северна Македонија и за Албанија и дека состојбата не е толку розова како што се претставува.

Оваа официјална позиција на француските власти и ќе им биде соопштена на министрите за надворешни работи во вторник во Луксембург.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.