Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев е подготвен за лидерска средба за Законот за ЈО

0
By Нова ТВ on September 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2019 14:14

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.

– Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средба. Тие денеска имаат средба. Ако тие заклучат, двете страни од работните групи, јас сум подготвен зас редба со господинот Мицкоски и други лидери ако треба. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.

Прашан дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат.

– Не сум размислувал за тој дел, затоа што навистина верувам во законско решение. Веројатно кога еден независен правосуден орган како што е Советот на јавни обвинители алудира до политичарите и пратениците да дадат свое толкување, ние ќе ги разгледаме сите причини за да донесеме одлука. Верувам дека низ законот ќе се најдат сите решенија. Да му дадеме шанса на законот. Да преговараме до крај и да не се избрзува со разрешувања, оставки и слично.  Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени, порача Заев.

Прашан како писмото од Катица Јанева од истражниот затвор за префрлање на предметите од СЈО во ЈО ќе влијае на преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за ЈО, Заев рече дека може само позитивно да влијае.

– Секогаш наша цел било и останува до крај да најдеме договор. Договорот е гаранција за реализацијата на новото законско решение. Посебно во правосудниот систем. Знам дека денеска веќе има формиарно работна група. Стојам на располагање на потребите на работната група да се придодадам и јас и господинот Мицкоски, секако доколку прифати. Сериозно е прашањето. Не сме толку далеку од решение. Може да се изнајде решение. Верувам дека може да се најде решение. 15 септември доаѓа и да не се најде решение, предметите одат кај државниот обвинител. Ако се најде решение по законот, пак одат кај државниот обвинител, значи декако е тоа решението. Веројатно на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тоа е и поривот да ги предаде предметите, изјави Заев.

Уште еднаш повтори дека верува во договор и Парламентот со консензус да го изгласа Законот за јавното обвинителство.

Прашан како е воопшто можно некој што е во притвор да издава наредби и управува со институции, Заев рече дека имаме деловни луѓе кои потпишуваат плати од притвор.

– Им се носи налог. Со дозвола на судија. Сето тоа е регулирано во законот. За секој граѓанин тоа што е овозможено, е овозможено и за Катица Јанева, која што се наоѓа во притвор како и други притвореници, изјави Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.