Лидерот на СДСМ Зоран Заев како четвртоосомничен во случајот Пуч за насилство спрема претставници на највисоки државни органи го даде својот исказ пред обвинителството.
Заев рече дека на записник поднеле нова кривична пријава против премиерот Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков за кршење на Уставот.
Oстанува на тврдењата дека не се познава со последните двајца приведени од акцијата, поранешните функционери од МВР од кои еден и се спогоди со обвинителството.
Останува на исказот дека Пуч во државата немало а тоа според него го докажале и исказите на другите осомничени.
За Пуч пред обвинител претходно се изјаснија и второ и третоосомничените – сопругата на Верушевски и вработен во струмичката општина, а исказ дал и премиерот Груевски.




