Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ги поддржуваме мерките за градење доверба со Грција

0
By Нова ТВ on June 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2015 21:18

По средбата со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази поддршка на иницијативата и договорените мерки за градење на доверба, за поголема соработка меѓу Македонија и Грција.

„ Од она што го добивме како информација од грчката делегација можеме официјално позитивно да се изјасниме и ја поддржиме ова иницијатива. Особено поради тоа што навистина, со години наназад, упатуваме пораки да се отворат разговори за други полиња освен проблемот со името, коишто би создале многу подобра ситуација и за политичарите, и за граѓаните, но и за бизнисмените и за другите општествени чинители за унапредување на соработката помеѓу нашите две земји. Во вакви околности секако и доволно храбро да се повлечат храбри чекори, и конечно да се изнајде решение и за долгогодишниот проблем, којшто Грција го има со нашето уставно име“вели Заев.

Заев вели дека ваквите иницијативи не можат да бидат на штета на било која од двете страни, можат да бидат само од корист, а тоа се однесува и за нашата земја.

„Водам една општина којашто е на границата со Грција и знам дека предностите од соработките се придобивки за нашите граѓани, секако и за граѓаните на Грција. Во тоа име можам само да охрабрам и потврдам идни соработки.

Се надевам дека доаѓаат времиња каде што и покрај кризата во Македонија и кризата во Грција, не можеме да ги издвоиме како несоодветни времиња, времињата се секогаш соодветни да направиме соработка повеќе, да подадеме рака повеќе од којашто секако интерес ќе имаат нашите граѓани“, рече Заев.

Според него 11-те конкретните мерки кои ги наброја како договор за двојно одданочување, отворање на нов граничен премин, поинтензивна соработка во трговијата и економијата се добар почеток и би можеле наскоро да станат и многу повеќе.

„Се надевам дека првите практични реализации на ова поле ќе ги видиме многу брзо, уште во текот на летото, или есента којашто ќе доаѓа, од било која од полето на 11-те точки за коишто е постигнат договор. Секако јас како економист но и како политичар верувам и се надевам дека тоа ќе бидат пред се резултати прво на полето на економијата и трговијата од каде што граѓаните очекуваат подобар и поквалитетен живот за сите“, изјави Заев по средбата со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас вво хотелот „Холидеј Ин“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.