Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 5 мај

0
By Нова ТВ on May 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2019 10:46

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска преку видео-обраќање ги повика граѓаните да излезат да гласаат во вториот круг од претседателските избори на 5 мај.

– На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина. Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе дозволиме блокада на нашите шанси и ќе се вратиме назад во лошото минато, им се обрати премиерот на граѓаните.

Тој посочува дека во изминатите две години со поддршка на граѓаните биле решени најтешките прашања со соседите и ги отвориле перспективите за земјата.

– И ве уверувам дека ќе продолжиме уште посилно да ги решаваме и внатрешните проблеми кои секојдневно ги мачат граѓаните. Впрочем, и се што досега направивме е токму за решавање на тие проблеми. Во тек е зголемување на социјалната помош за три пати, драстично намалување на казните за фирмите и граѓаните, почеток на повратот на ДДВ за секој жител на нашата земја и обезбедување финансиска помош за домашните фирми преку што поддржуваме нови, добро платени работни места, вели Заев во обраќањето до граѓаните.

Според Заев, дел од овие придобивки ги кочи сегашниот претстедател, со тоа, како што рече, не ги потпишува законите со кои овие придобивки треба да стапат на сила.

– Нам не ни треба нов кочничар. Ни треба некој што влече напред, а не некој што кочи и блокира. Наша одговорност како политичари е да се развива земјата. Чесно ги прифаќаме критиките и кажуваме дека во тек се промени со кои многу брзо ќе се зголемат резултатите од нашата работа на внатрешен план. Мора да се преземе одговорност таму каде што е потребно. И тоа ќе го направиме по изборите, рече Заев.

Тој ги повикува граѓаните на 5 мај да ги остават на страна поделбите и да се сплотат пред изборот и одлуката.

– Знаеме колку многу е потребно изборите да успеат и да победи напредната опција. Знаеме дека треба масовно да излеземе и да гласаме, сите. Секој и сечиј глас е важен. Се обраќам до сите наши граѓани, до сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други – излезете на 5 мај и гласајте по сопствена волја, но ЗА иднината на земјата и ЗА иднината на децата. Секој глас е одлучувачки глас. Силата на гласот е кај сите вас, а гласот е најсилен кога е на гласачкото место. Да излеземе сите и да поддржиме опцијата со која заедно ќе продолжиме напред, вели Заев во видео обраќањето до граѓаните

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.