Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Груевски најмногу би помогнал ако се врати да ја отслужи казната

0
By Нова ТВ on July 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Убаво е да дојде. Нека дојде, треба помош во државата. Помош е и кога ќе си ја реализирате казната“, рече премиерот Зоран Заев од Битола на коментарот на Груевски на Фејсбук кој  се нуди да и помогне на Владата поради состојбите во државата.

„Сите испраќаме порака на одговорност со се, заради тоа можам да испратам навистина недвосмислена порака – нека се врати дома“, рече Заев.

Премиерот ја коментираше и средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и унгарскиот претседател Викотор Орбан. Тој рече дека тоа било „средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унгарското пријателство“

„Но, убаво е да се споделат сите детали со јавноста, како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби. Јас верувам дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството на Северна Македонија и Унгарија“, рече премиерот.

Прашан дали Владата дала поддршка на Меѓународниот сојуз кога Бојан Јовановска остварил средба со него во 2017 година, Заев рече дека се сеќава на средбата на која му кажале кои се условите за изградба на старски домови. Тој рече дека Владата е отворена за сите, но се случувало некои да ги злоупотребат или употребат тие средби.

„Владата е отворена за сите, ние симболично ги тргнавме и оградите. Секој граѓанин се прима во Владата дел од мене лично, дел од мојот кабинет, советниците, министрите зашто секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација. Јас се сеќавам на состанокот кој беше за отворање простор за реализација на старски домови. Нормално како сите граѓани така и господинот Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно закон, тоа значи да се обезбеди локација во општините, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градба, Министерството за труд и социјални политика кога дава одобрение за старски дом, кои се стандардите што треба да се исполнат. Му беа кажани условите што треба да се исполнат. Владата секојдневно прима луѓе, не е првпат да излегле случаи тоа да се злоупотреби, употреби и сличен начин. Но за тоа постојат истрагите кои треба да ги утврдат сите докази, аргументи, секој што се огрешил пред законот да си одговара“, рече Заев.

 

Груевски Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.