Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Бочварски на увид кај Кривогаштани-Житоше: Вложуваме во инфраструктурни проекти за подобар живот на граѓаните и забрзан економски развој

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.

Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава, се изведуваат очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично значат севкупно подобрување на животот на граѓаните, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на увид на реконструкција на патниот правец Кривогаштани-Житоше, каде по речиси четврт век се изведуваат градежни активности.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, градоначалникот на Општина Кривогаштани, Рубин Шефтероски, градоначалникот на Општина Долнени, Џемил Ќамили и директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди, премиерот Заев истакна дека овој патен правец ги поврзува општините Кривогаштани и Долнени, но е од огромно значење за развој на целиот овој регион.

Премиерот Заев истакна дека изминатиов период на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.

„Имаме градежна офанзива низ целата земјата. Инвестираме над една милијарда евра во инфраструктурни проекти – патишта, водоводи, канализации, системи за наводнување, акумулации за наводнување, со цел да ја поттикнеме економијата и да го поддржиме градежниот сектор“, истакна премиерот Заев и посочи дека сето тоа ќе придонесе за повисок економски стандард, унапредување на животните услови и дополнителен стимул за младите од регионот да се задржат тука.

Министерот Бочварски посочи дека примарен фокус е ставен на регионалното поврзување и посебен приоритет се дава на локалните патни правци заради побрз локален развој, со тоа да се овозможат подобри услови за живеење на граѓаните.

„Овде во Кривогаштани и Долнени, реализираме  инвестиција за која жителите чекаа повеќе од триесетина години. Со 440 илјади евра целосно се реконструира регионалниот пат меѓу населените места Житоше и Кривогаштани во должина од околу 10 километри, со што граѓаните добиваат нов и квалитетен патен правец. Веќе разговаравме со премиерот и директорот дека во следна фаза ќе биде реконструиран и патот кој води од Житоше кон Лажани и потоа до Ропотово, како едно од барањата на жителите на овие населени места“, наведе министерот Бочварски.

Тој нагласи дека низ континуирана грижа за сите граѓани со реализација на капитални проекти со кои се подобруваат условите за живеење, Владата заеднички со локалните власти реализира разни проекти за развој на цела Пелагонија.

„Сега активно работиме на доизградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, најзначајниот пат за поврзување на Пелагонија. Интензивно се работи на делницата од Градско до Дреново, а од Дреново до Фаришката клисура изведувачот врши подготвителни активности за што во следниот период очекувам силна градежна активност и конечно завршување на овој патен правец. Во меѓувреме ЈП за државни патишта финишира со тендерската постапка за рехабилитација на третата лента долж превојот Плетвар. Дополнително би сакал да истакнам дека активно работиме на владиниот план за изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола“, истакна министерот Бочварски.

Тој посочи дека преку проектот за реконструкција на локалните патишта во општините, конкретно во Кривогаштани започнува со реконструкција на дел од улица 4 и улица 14 во населеното место Крушеани, инвестиција од 9,5 милиони денари.

Директорот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални  патишта „Македонија пат“, Беким Мемеди, истакна дека овој патен правец е од огромно значење за граѓаните од регионот, а инвестицијата е во вредност од 28 милиони денари.

 

 

 

благој бочварски Житоше Зоран Заев Кривогаштани Рубин Шефтероски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.