Published: Thursday, June 5, 2014 10:52
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радила Шекеринска денеска се во Брисел, соопшти партијата.
Предвидено е тие да имаат средби со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе и во Партијата на европски социјалисти (групацијата на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од Европа).
Акцент на разговорите ќе биде ставен на актуелната политичка ситуација во Македонија и на можните излезни решенија што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз.




