Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ципрас ја добија наградата за мир на германската покраина Хесен

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас се добитници на наградата за мир на германката покраина Хесен за оваа година.

Претседателот на Парламент на германската покраина Хесен, Борис Рајн попладнево на специјална онлајн – церемонија им ја додели наградата на Заев и Ципрас за решавање на повеќедеценискиот спор за името.

„Со ‘Хесенската награда за мир’, ние им оддаваме чест на две лица кои водеа кампања за мир и меѓународно разбирање и кои успеаја да решат конфликт што влече корени длабоко во историјата“, изјави Рајн во обраќањето на церемонијата.

Тој нагласи дека Заев и Ципрас постигнаа договор за повеќедеценискиот конфликт меѓу нивните земји околу името „Македонија“, со што остварија „вистински дипломатски подвиг што никој досега не го сторил“.

„Без нив, спорот за името што трае од осамостојувањето на Македонија во 1991 година ќе продолжеше да тлее и спорот меѓу двете соседни земји ќе продолжеше да го дестабилизира целиот балкански регион. Скоро триесетгодишниот спор за името меѓу Република Македонија и Грција беше мирно решен на 12 февруари 2019 година со договор. Пронајден е компромис, во иднина името на новосоздадената држава во 1991 година да биде ‘Република Северна Македонија’. За прв пат започна период на добрососедски односи и се отвори патот за Северна Македонија како сојузник во НАТО и партнер во Европската Унија“, истакна Рајн.

Тој нагласи дека успехот постигнат со склучувањето на Преспанскиот договор имал влијание и надвор од регионот и испратил сигнал до светот дека не постои само правото на најсилниот и дека дури и во денешниот свет се уште постои патот на почит и компромис, патот на мирот и стабилноста.

„И со тоа, победниците не направија ништо помалку од тоа да го продолжат европскиот пат на одличен начин без да мора да се откажат од националниот идентитет“, потенцираше претседателот на покраинскиот Парламент на Хесен.

Членот на одборот за доделување на наградата, професорот Никол Дајтелхоф нагласи дека Заев и Ципрас отстапиле од моделот на инсистирање на максимални позиции и сфаќањето на договорот како пораз или предавство.

„Притоа, тие ја загрозија нивната политичка кариера и мораа да преговараат за бројни компромиси и отстапки во рамките на нивните парламенти. Договорот е поврзан со надеж за добра соработка и партнерство меѓу Северна Македонија и Грција. Решавањето на споровите е пример за помирување на регионот и Европа како целина“, рече Дајтелхоф.

Поради пандемијата со ковид-19, наградата што ја доделува Фондацијата „Алберт Освалд“ годинава за првпат беше доделена на онлајн церемонија.

Се работи за парична награда, а како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев својот дел од наградата во висина од 25 000 евра го донира во солидарниот Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот ковид-19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.