Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир за Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерите на Македонија и на Грција,  се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинацијата на Заев и Ципрас денеска во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Нобеловката Бушамауи рече дека Договорот од Преспа покажува дека две држави заедно се способни да седнат, преговараат и постигнат договор и дека и претставува чест да ги номинира Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир.

– Номинацијата не е само лично за Зоран Заев и Алексис Ципрас, туку и за сите граѓани. Ова е модел за дијалог и просперитет. Силно верувам дека Македонија или треба да кажам Северна Македонија и Грција ќе ја добијат Нобеловата награда и ќе бидат доказ за светот дека се може да се постигне со договор. Откако ќе биде ратификуван Договорот ќе биде силна порака дека дијалогот е можен, рече нобеловката Бушамауи.

Нагласи дека е дојдена во Скопје да го поддржи таквиот начин на постигнување договор и верува дека ќе биде модел за надминување на проблемите во иднина.

– Треба да буидете горди на тоа пшто го постигнавте, порача добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи на објавувањето на номинацијата што се одржа на Универзитетот ФОН .

На церемонијата присуствуваше и европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир.

Колуглу кажа дека ако имаше Нобелова награда за војна, досега на Балканот ќе беше доделена повеќепати, а Договорот од Преспа е единственото добро и позитивно нешто што моментално доаѓа од Европа, која е поделена и соочена со бројни проблеми.

– Договорот од Преспа е договор што го решава долгогодишниот проблем, не само за името, туку и обезбедува дефинитивно решение на македонското прашање. Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за кој што требаше храброст и кој ги стави националните интереси над партиските. Договорот го должиме на претходните генерации, но и на нашите деца и следните генерации кои мора да живеат во мир и просперитет, рече европратеникот Колуглу.

Посочи дека Договорот имал голем број противници од двете страни, но дека е нелогично, тоа што и двајцата премиери истоврмено се соочуваат со обвиненија од своите противници дека ги предале националните интерси.

Ректорот на ФОН, Нано Ружин, рече дека денеска промовираме двајца лидери кои успеале да излезат од моделот на балкански политичари.

– Од овде нобеловката Бушамауи официјално ќе предложи на Нобеловиот комитет од Осло да ги номинира Алексис Ципрас и Зоран Заев за добитници на Нобелова награда за мир. Иницијативата верувам дека ќе биде проследена од многу други пријатели, изјави Ружин.

По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи и Кологлу заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат номинацијата

Договор од Преспа Заев Нобелова награда за мир 2019 Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.