Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев ја презеде одговорноста: Поднесувам оставка и како претседател на СДСМ и како премиер

0
By Sashko on October 31, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 31, 2021 22:30

Зоран Заев на вечерашната прес-конференција по вториот круг на локалните избори ја презеде одговорноста за постигнатите резултати и од партиската говорница поднесе оставка на позицијата претседател на СДСМ и од функцијата премиер на Владата на Македонија. Во продолжение целосната изјава:

Дозволете јас од името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори.
Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ.
Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија.
Изразувам посебна огромна почит до сите вас, прогресивен мој народе. Сакам да им честитам на сите избрани градоначалници и советници, посакувам чесно и одговорно да им служат на граѓаните.
Дозволете да искоментирам неколку работи. Горд сум што заедно ја внесовме земјата во НАТО, лани добивме одлука за почеток со преговорите со Европската Унија и верувам дека имаме шанси да отпочнеме преговори за неколку месеци.
Си го обединивме нашиот мултиетнички народ и економски видливо го зајакнавме и покрај пандемијата која што владееше.
Спроведовме успешен попис, изградивме историско пријателство со сите наши пет соседи, со договорени стратешки партнерства.
За нас прогресивните кои веруваме и им се радуваме на овие историски успеси, за жал дојде политичка казна.
Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите.
Исто така сакам да споделам разочараност кај мене, а верувам и кај огромен број граѓани, затоа што мнозинството од народот кој гласеше заедно со сите тие што останаа дома, ги избраа истите луѓе и политичари кои пред 4 години само во парламентот пред очите на целата јавност сакаа и тргнаа да убиваат.
Некои од тие насилници се дури и избрани за градоначалници и советници во скопските и другите општини.
На овие избори видовме дури и сојузи помеѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година.
Се здружија жртви на насилството со насилниците од ВМРО-ДПМНЕ без било каков образ за власт и пари.
Сакав ова да го напоменам и споменам со единствена цел да остане забележано во паметењето на нашиот народ. Не е воопшто тешко заминувањето од политиката, тешка е помислата од одлуката на нашиот народ.  Но нејсе. Јас сум недвојбено убеден дека заедно со прогресивното граѓанство сум донел слобода и демократија во земјава наша, а кога е слобода и демократија правилото е дека треба да има и превземање на одговорност. Низ превземањето на таа одговорност сакам да оставам печат за да се учи народот и да расте во својот демократски капацитет, но и во својата граѓанска должност да води грижа за својата земја. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, но според мене ред е граѓаните да подржуваат политичари кои имаат храброст да носат тешки, но историски важни одлуки за добра иднина на својот народ и државата, без притоа тие политичари да се водат од својот политички рејтинг или да водат грижа за својата политичка фотелја.
Почитувани граѓани, како што кажав на почетокот јас ја превземам одговорноста на себе за лошите резултати на овие избори за сите нас прогресивните сили, за да можат токму тие прогресивни сили да опстојат и да продолжат да се борат за прогресот на Северна Македонија.
Оставката ја поднесувам и од премиер и од претседател на СДСМ.
За крај и во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.
Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од кои корист ќе има целиот наш народ и државата.
Ќе останам периодов додека треба за да помогна за да се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено.
Јас лично како човек сум дел од СДСМ и од прогресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ.
Почитувани, господ да ни го чува народот и Северна Македонија.
Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши етнички заедници, на целиот наш народ.
Ми беше огромна чест што можев да ви служам и што ми дававте доверба сите овие години да работам за вас, мој народе.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.