Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања за постапувањето на функционерите по неговиот повик за повлекување од работните позиции по реакците за јавноста за непотизам, изјави дека неговиот повик се однесува за сите функционери, а секој има и политичка и етичка одговорност за постапките.одговарајќи на новинарско прашање з
– Повикот не го дадов како претседател на СДСМ, туку како премиер. Секој ќе си ја сноси својата одговорност на постапките, има и политичка и етичка одговорност, одговори премиерот Заев, на новинарско прашање како ја коментира изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека неговите блиски роднини нема да се повлечат од работните места.
Тој рече дека ги поздравува позитивните примери на повлекување на одредени членови на семејството, но треба да се направи јасна граница.
– Да гледаме на граѓаните како на еднакви и рамноправни во нивното конкурирање. Се случуваат вакви работи, не можеме да ги ограничиме младите луѓе коишто членуваат во партии или не се членови. Но јавноста го доловува етичкиот основ. Мораме не само законот, туку и етичкиот дел јасно да го поставиме. Секако правиме и разлика, ги охрабрувам ваквите чекори и ќе креираме политики, рече Заев.
Точно е дека има и одредена партиска припадност во вработувањата, но како што рече, поголемиот дел се избираат на конкурс.
– Покрај тоа што сум премиер јас сум претседател на политичка партија која што е на власт. За жал, поради огромната миграција и напуштање работни места имаме дефицитарни кадри за многу струки. Овде бараме да најдеме вработен човек. Не можеме да најдеме луѓе. Ако зборуваме за член на семејство, лекар кој што го бараме специјалист дали треба да го повлече своето дете, или ако е архитект. Тоа го кажувам не за да избегнеме етичка одговорност, туку да направиме јасна дистинкција. За тоа што е претерно будното око и на медиумите и на јавноста веднаш реагира и верувам дека ќе се корегираме сите почнувајќи од мене, изјави Заев.
Ако има образложение за одредени работи, а народот тоа го сфаќа, како што вели, тој не гледа проблем, но не и ако нема образложение, критериум, нормативи, транспарентност и конкурентност.
– Знам луѓе кои се членови на семејства на одредени функционери кои добиле петта шанса, првите четири им биле испуштени. Некои чекале и по 20 години. И чекаат денес. Без оглед на тоа од кој профил се треба да добијат шанса да работат еднакво, рече Заев.
Веќе побарале поддршка од граѓанските организации кои се стручни за оваа работа за да ни помогнат да изградиме систем на вредности.
-Апелирам и работам, разговарам со луѓето одредени чекори сигурно ќе се преземат, веќе се преземаат со одредени функционери, од парламентарната и од извршната и од локалната власт за да можеме да се корегираме. Не сакам да бидеме исти како претходните, наведе Заев.
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски денеска изјави дека „од морални причини“, таткото на неговата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажал својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.
Вчера од работните места се повлекоа и мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадиновски која беше вработена во Централен регистер и синот на пратеникот Горан Мисовски.
Нема информација дали од ќе се повлечат и блиските роднини на пратеничките на СДСМ Мира Стојчевска и Милева Ѓорѓиева. Стојчевска и Ѓорѓиева не одговораат на телефонските повици и на пораките.
Но од ДУИ засега молк за темата непотизам, иако во јавноста се открија и случаи на нептоизам поврзани со блсики роднини на нивни функционери.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска кажа дека нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во АД МЕПСО, бидејќи, како што рече, не е вработена во Министерството за економија, полнолетна е, не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот.
На прашањето дека во меѓувреме во АД ЕЛЕМ се вработила Нертила Усеини Каба, сопругата за братот на неговата сопруга, Бектеши одговори дека нема никаква крвна поврзаност меѓу нив.
На списокот на сомнителни партиски вработувања за кои Антикорупциската комисија соопшти дека ќе ги итсражи се и вработувањето во ЕЛЕМ на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, кој е од партијата „Алтернатива“, на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери во ЕЛЕМ, вработувањата во училишта на сопругата на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, на сопругата на градоначалникот на Општина Неготино, вработувањето во МВР на сопругата на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.




