Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Како претседател на СДСМ ја обединив партијата – нема да се кандидирам за Претседател на државата, ги демантирам инсинуациите за измислениот пуч во СДСМ

0
By Marta Pesevska on January 4, 2023 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 4, 2023 17:16

Зоран Заев објави категоричен демант во одговор на, како што ги нарече, инсинуациите за негово враќање во политиката на социјалните мрежи. Во продолжение, целиот текст на објавата:

Изминативе денови, различни центри (и суетни, и криминални, и комбинации од двете, на кои им се приклучи поранешниот премиер и бегалец од правдата Никола Груевски) ме споменуваат во различни конотации. Од тоа дека ќе сум правел пуч во СДСМ, до тоа дека ќе сум бил кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со заедничка поддршка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќе наврати изминатиот период кажав дека немам политички амбиции и би сакал уште еднаш да ги демантирам ваквите инсинуации за мое повторно политичко ангажирање.

Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за Претседател на државата.

Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество.

Истовремено, македонската Влада предводена од СДСМ не престана да испишува историски успеси. Ја внесовме Северна Македонија во НАТО, ги решивме домашните меѓуетнички тензии и поделби, станавме пријатели со сите наши соседи и со целиот демократски свет. Благодарение на политичките на градење пријателство со соседите, но и севкупните меѓународни политики ја добивме Автокефалноста на нашата МПЦ-Охридска Архиепископија, станавме една од трите држави кои ја основаа економската иницијатива Отворен Балкан и започнавме преговори со ЕУ.

Не може да се заборави дека и тогаш имаше противници на се што работевме и на се што постигнавме. Некои беа против само поради тоа што тие во нивното време не успеале да го направат она што ние за четири години го постигнавме заедно со народот. Меѓу нив беше и поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски ама и други кои од исти или слични причини едноставно не сакаа да се случат македонските успеси. Некои заради тоа што суетата им е преголема (Геровски ќе се препознае овде веројатно). Трети, пак, беа против затоа што имаат потреба постојано да негодуваат, да мразат и мрчат, оние на кои ништо не им се погодува (тоа се луѓе како шкорпиите од приказната за шкорпијата и жабата). Четврта група беа тие што не можат едноставно да простат успех на друг, оти нели во Македонија може се да ти простат ама успех не ти се простува.

Но, времето и досега покажуваше, а особено допрва ќе покажува колку биле храбри, исправни и правилно насочени одлуките што сме ги донеле за македонскиот народ и државата, без разлика на блокадите кои постојано ни ги ставаат сите противници.

Заклучок…

Убавината на сите овие противења, кочења, негодувања, мрчења, суетности, вака од дистанца гледано, е во тоа што токму тие луѓе, со своето противење, не сакајќи, а богами некои од нив и свесно и намерно (Груевски на пример) ги имаат помогнато сите овие процеси. Сите тие, со нивното делување и противење, го охрабрија мнозинството народ да опстои во својата верба за осигурување на евроатлантската иднина на државата, во градењето пријателството со соседните земји, во воспоставување на кохезијата во нашето мултиетничкото општество преку концептот на кој му аплаудира целиот демократски свет – концептот „Едно општество за сите“.

Тие луѓе, политичари, новинари, аналитичари… индиректно, а богами и директно во клучните моменти за државата помогнаа за обезбедување дури и на двотретинско мнозинство во парламентот за Договорот од Преспа и другите важни одлуки, со што беа совладани тогашните анти-НАТО и анти-ЕУ политики на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, Северна Македонија е земја членка на НАТО и не стравува за својот мир и безбедност. Денеска ги живееме деновите на скрининг процесот како фаза од преговорите со ЕУ кои ги отпочнавме пред неколку месеци. Денеска се радуваме на соживотот меѓу Македонците и Албанците и сите етнички заедници кои живеат во нашата татковина. Денеска се радуваме на признатиот македонски јазик и на плодовите од Преспа како што е отворањето на Центарот за македонски јазик во Грција. Оваа наша генерација го дочека и признавањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква. И сето тоа во четири години. Знам дека нашиот народ ги цени овие историски чекори, во спротивно довербата кон патот по кој се движиме немаше да остане со високи над 70%.

Колку и да не сакаме, мораме да признаеме дека треба да им бидеме благодарни на тие луѓе кои беа и се уште се противници на сите големи успеси што ги постигнала Македонија и целиот македонски народ, затоа што токму со нивното јавно делување, пишување и противење всушност ги помогнаа овие големи македонски успеси. Тие беа една од главните причини за од спротива да се формира силниот демократски блок кој ја носи земјата напред.

П.С. Посебна благодарност до некои од тие луѓе што и директно го помогнаа клучниот чин (ќе се препознаат верувам таквите) за земјата неповратно да се постави на шините кон НАТО и ЕУ, чинот со кој 80 пратеници дадоа согласност за Договорот од Преспа.

Извор: ЦивилМедиа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.