Ќе бидеме земја со најголема помош во регионот по глава на жител за санирање на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил.
„Подготвивме мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните, првично насочени кон трите најпогодени сектори – угостителството, туризмот и транспортот. Наскоро ќе излеземе со нов, огромен пакет економски мерки. Наша цел е компаниите да ги одржиме ликвидни и стабилни, а вработените да останат во фирмите“, вели Заев.
Ние сме држава во развој, додава тој, но подготвени ја пречекуваме оваа криза, следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите.
Лидерот на СДСМ вчера во емисијата Клик плус на ТВ21 појасни дека априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец.
„Ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители, ќе има уредба со законска сила, сега владата е во вонредна состојба ќе има брзи и ефикасни модалитети“, истакна Заев.




