Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна

0
By Нова ТВ on October 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 30, 2019 13:13

Дефинитивно одиме со имплементација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги  завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за нашата земја, нов пријател – нашиот јужен сосед и отвора многу перспективи, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по повод реформите во здравството, Заев напомена дека природна и практична е потребата да го чуваме, негуваме и имплементираме Преспанскиот договор кој, како што нагласи, го заокружи нашето членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

– Намерата беше токму на ЕУ да и се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност, истакна Заев.

Нарекувајќи го Преспанскиот договор „имотен лист“, премиерот потенцира дека тој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет, а тоа, повтори, не беше возможно без да се реши проблемот со името.

– Две третини од Договорот зборуваат за стратегиското партнерство, економијата, социјалната и здравствената заштита, одбраната, безбедноста, за многу перспективи кои треба да ги гледаме низ можностите што се отвораат за двете земји, подвлече претседателот на Владата.

Заев дополни и дека не е изгубена надежта за отворање на поглавјата.

– Ако и треба време на Европа, ќе го има. Ако треба лидерите да продискутираат, ќе продискутираат, ако треба и нови методологии ќе се вградат. Ние сме остров во ЕУ, сите околу нас се земји членки. Друга перспектива нема. Донесовме храбри одлуки, без разлика на политичките кариери. Ќе се интегрираме. НАТО е конечно заокружено, нема дилеми околу него. За жал, ЕУ е пролонгирана, но нема алтернатива и за неа. Тоа е јасно. Сето тоа го правевме за економски стандард, заклучи премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.