Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Мило ми е што кај ВМРО-ДПМНЕ го нема зборот „бојкот“ за пописот

0
By Нова ТВ on January 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зораан Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот за Законот за попис, а во однос ставот на опозоцијата смета дека му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира потписи, бидејќи само еден пратеник може да поднесе нов или измена на друг закон.

-Не гледам ниту промил за негово одложување, за негово неспроведување, насекаде па и кај нас, а кај нас уште повеќе бидејќи немаме попис во последите десет години. Мене ми е драго што претседателот на државата уште еднаш со експерти, со едно непристрасно око да се види, да не испадне власта тврди едно, опозицијата, мал дел, македонската опозиција, условно кажано тврди друго заради тоа албанската опозиција гласаше за законот. Тоа ќе биде уште еден коректив. И претседателот Пендаровски ќе соопшти, веројатно почетокот на наредната недела, веќе за неговиот став. Тоа е будното око на претседателот потпишувајќи укази за секој закон, а не па за вака многу значајни закони, рече Заев.

Премиерот, кој беше на поставување камен темелник на спортска сала на училиште во Стајковци, искажа убедување дека ги знае одговорите што ќе ги добие Пендаровски „во делот на неговото информирање од директорот и заменик директорот на Државниот завод за статистика“.

-Како што ме информираа мене како Претседател на Влада така го информираа и претседателот. Апсолутно, комплетно и стопроцентно е по Евростат, по меѓународните стандарди. Верувам дека на сите им е јасно колку е значајна оваа статитичка операција и колку ни е голема должност на сите нас граѓаните да се вградиме во нејзиното спроведување, рече Заев.

Пописот трае до 21 април, потсети тој, истовремено изразуваќи задоволство што во опозицијата, како што рече, не го гледа зборот за бојкот, туку тие зборуваат непризнавање на реултатите или слично.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.