Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Мицотакис често ме контактира за помош околу пандемијата, Грција испрати опрема од 2,65 милиони евра

0
By Нова ТВ on May 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 13, 2021 14:04

Мицотакис често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата, откри премиерот Зоран Заев говорејќи на Делфи економскиот форум во Атина, објаснувајќи дека законските аспекти на Фајзер биле пречка, Грција да понуди помош со вакцини, но и додаде дека за Северна Македонија, лани од јужниот сосед стигнала опрема вредна над два и пол милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со премиерот Мицотакис изградивме многу позитивни односи, многу позитивна соработка. Морам да споделам со грчките граѓани дека тој многу често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата. Бидејќи земјите членки на Европската Унија, немаат повеќе вакцини, но имаат порано од нас. Понуди многу можности, но законските аспекти од договорот со Фајзер беа проблематични. Но, Грција, сподели 2.650.000 евра опрема, различен вид на опрема за време на драматичните месеци минатата година, кога бевме под притисок, откри претседателот на Владата на Северна Македонија, додавајќи дека „ние сме земја во развој, тогаш ни беше потребна помош, а Грција беше прва што ни излезе во пресрет“.

Говорејќи за односите со актуелниот грчки премиер, Заев рече дека сега, кога Договорот од Преспа е завршен, фокусот е на соработката, особено во економијата и енергетиката.

Рече дека е финализирана целата документација и основниот дизајн за изградба на интерконекторот меѓу двете земји, а со „Хеленик петролеум“ се разговара за почеток на работата на нафтоводот што ќе ги поврзе Скопје и Солун.

Во 16 часот по локано време, премиерот Заев ќе се сретне и со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, а за разлика од претходната нивна средба во Атина во септември мината година, кога беа на работен ручек, овој пат, Мицотакис ќе го прими Заев во неговиот кабинет, во премиерската палата.

Во дијалог со уредникот на „Катимерини“ Атанасиос Елис, премиерот Заев, на шестиот Делфи економски форум, говореше за Договорот од Преспа, соработката со Грција, за односите со актуелниот грчки премиер, но и со поранешниот премиер, за нашето членство во НАТО, но и за бугарската блокада на нашиот пат кон Унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.