Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На 15 јули е важно да се гласа, се носи голема одлука

0
By Нова ТВ on July 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, Зоран Заев преку видео-обраќање ги уверува граѓаните дека на 15 јули ќе се спроведе гласање со целосна заштита и оти се обезбедни сите мерки за заштита од КОВИД-19.

Тој истакнува дека на 15 јули е важно да се гласа, дека се носи голема одлука. Тој во пораката вели дека се носи одлука за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски и за иднината на нашата татковина.

– На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе се враќаме назад. Дали ќе растат платите и ќе се полнат џебовите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски кои сега се нудат да ја водат државата.Дали ќе го прочистиме судството од корумпираните судии и обвинители или остатоците од заробената држава ќе ги спасуваат Камчев и Груевски, и сите други кои ја ограбија државата. Дали откако влеговме во НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа и да не вратат во режим и изолација. Дали ќе се справиме и заштитиме од коронавирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе опасни по здравјето да донесат хаос и паника, посочува тој.

Заев потенцира дека секој од нас треба да преземе чекор и да учествува во големата одлука. – Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години. Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори. Денес, нема подобра и посигурна опција од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, вели носителот на листа во ИЕ 4 од коалицијата „Можеме“.

– Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност. Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за кој било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Глас за ДУИ е глас за Мицкоски, глас за Мицкоски е глас за обнова на режим. Да гласаме за „Можеме“ да гласаме за најсигурната опција, вели Заев.

Се обврзуваме, вели Заев, пред вас граѓаните, дека првата работа која ќе биде следниот период е реформата на правосудниот систем во државата.

– Покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност носиме правда и владеење на правото за сите преку прочистување на правосудството. Продолжуваме и со грижата за јавното здравје. Денес, не сакаме ниту да замислиме како ќе изгледаше справувањето со КОВИД кризата ако ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, истакнува Заев.
Тој го пповикува граѓаните во среда, на 15 јули да гласат за бројот три, за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, „за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите“.

Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.