Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на координација со парламентарното мнозинство за Богов

1
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 2, 2018 08:30

Премиерот Зоран Заев денеска треба ќе се сретне со парламентарното мнозинство за да се договорат како ќе гласаат за предлогот Димитар Богов да биде гувернер и во наредните седум години.

Заев како што изјави вчера, пред месец и половина разговарал на оваа тема со Иванов, но не кажа што тој лично мисли за Богов и дали за него е прифатливо тој да остане уште еден мандат во Народната банка.

-Реално очекував и следна средба да се случи, ако не, меѓу мене и координаторите на пратеничките групи, претседателот. Но вчера добив информација дека е пуштен предлогот. Мене ми е важна независноста на Народната банка и со тоа и монетарната политика да биде стабилна и во иднина. Истовремено ми е важно  секогаш преку експертските решенија и ние политичарите тоа да го потврдуваме, изјави Заев.

За претседателот Иванов, Богов е најдобро решение затоа што  Македонија од 2015 година па наваму е позитивно оценета  во извештаите на Европската комисија во делот на монетарната политика и  централнобанкарското работење.

Богов е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, но не и за ДУИ кои беа против него и во 2011 година, кога за првпат стана гувернер.

Неофицијално, можно е оваа пролет да не се избере гувернер, туку да се чекаат претседателските избори следната година, по што новиот претседатеч ќе даде и предлог за гувернер.

Според деловникот на Собранието, нема рок до кога најдоцна Џафери треба да го стави Богов на гласање. Мандатот на Богов истекува на 21 мај.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.