Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на состанок со странските компании: Подобра законска регулатива за инвеститорите

0
By Нова ТВ on December 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Комората, чиј претседател е Виктор Мизо. На состанокот се дискутираше за приоритетните прашања на странските инвеститори во неколку области во делот на законска регулатива, царински стапки, инфраструктура, даночни политики, работни односи, дигитализација како и останати прашања во насока на подобрување на деловната клима и на секојдневното работење.

Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемување на довербата на инвеститорите, отпочнување на нови инвестиции, поттикнување на извозот, зајакнување на човечкиот капитал, а со тоа и подобрување на севкупниот економски раст во државата. За таа цел се преземаат мерки за ублажување на ефектите од пандемијата на краток рок, како и планирање за економски раст на среден и долг рок.

Претседателот на Стопанска комора, Азески осврнувајќи се на соработката со Владата потенцира на заедничката посветеност за навремена имплементација на антикризните мерки за ублажување на ефектите од пандемијата и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата покрај тековните предизвици ја искажа важноста од системско решавање на истите, како неодамнешното потпишување на договорот на Владата за слободна трговија со Обединетото Кралство кој ќе почне да се применува од 01.01.2021 година. Истото е од голема важност за компаниите кои соработуваат со Обединетото кралство, односно домашните компании кои се извозно ориентирани, а кои одредени репроматеријали и полупроизводи увезуваат од Велика Британија.

На состанокот, секој во својот домен, дискутираа и министерот за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски, како и директорите на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

Во поглед на подобрување на условите за работа, неодамна, Владата донесе одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи и компоненти потребни за производство на технолошко напредни производи.

Со оваа одлука се прифати во период од една година да се намалат на ниво на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на Европската Унија. Целта е да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи.

извор: макфакс.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.