Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на средба со новименуваниот амбасадор на Кралството Шведска

0
By Нова ТВ on October 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2013 15:07

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со новименуваниот амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.

Амбасадорот Стафансон забележа дека Македонија до пред неколку години беше лидер на Балканот и важеше за добар пример за мирна и демократска земја. Во таа насока на средбата стана збор за актуелните случувања во земјата и напредoкот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Коментирајќи го последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, Заев истакна дека за СДСМ единствена опција е обезбедување на полноправното членство на земјата во Европската унија и членството во НАТО. Додавајќи дека периодот кој следи во целост треба да се посвети на подобрување на квалитетот на живеењето на македонските граѓани, на зајакнување на демократските капацитети на земјата и обезбедување на основните човекови права, слобода на говорот и слобода на медиумите, обезбедување на независен судски систем и гарантирање на фер и демократски изборен процес преку прочистување на избирачкиот список и инкорпорирање на препораките на ОБСЕ и ОДИХР во изборното законодавство.

Претседателот Заев го информираше амбасадорот за финализираните внатрепартиски активности во рамки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и за започнатиот процес на претставување на политичката понуда на СДСМ, со акцент на економските теми. Заев посочи дека СДСМ и понатаму ќе продолжи да делува како конструктивен фактор при решавањето на најважните прашања за земјата. Се разговараше и за подготовките на партијата за претстојните претседателски избори во март следната година, како и отвореното прашање во врска со можното одржување на предвремени парламентарни избори.

По средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, амбасадорот Стафансон одржа средба со заменик претседателот на партијата, Радмила Шекеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.