Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски не организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал претседателот Пендаровски за организирање на таква средба. Доколку тој нема таков план, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба на која теми ќе бидат и евроинтеграциите, но и ковид-кризата како и за други прашања од интерес за граѓаните, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во рамки на отчетот за сработеното на Владата во првите 100 дена.

Тој истакна дека власта сака да изгради консензус по повеќе прашања и проекти, а оти еден таков е и проектот за изградба на нов Клинички центар.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски експресно одговори дека ако поканата е од претседателот Пендаровски, тој нема д дојде.

– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Пендаровски не е лидер на политичка партија, ако е потребна поддршката на политичките партии, ние да разговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој треба да ја свика. На формат организиран од Пендаровски нема да учествувам , ако дојде на иницијатива на Владата, да ќе учествувам – рече Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.