Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не е прифатливо ниту Горна, ниту Северна Македонија

0
By Нова ТВ on October 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2013 09:55

Ми апсат луѓе директно и целото тоа не го подобрува амбиентот за дебата, за дијалог, но и покрај се останувам непоправлив оптимист да верувам дека за националните прашања, прашања од интерес треба да дебатираме, да разговараме, да направиме напори сите заедно за застанеме за државата да ни успее, вели во интервју за Радио Слободна Европа Зоран Заев, лидерот на СДСМ.

Заев вели дека можеби апсењата кои што следуваа се на некој начин реваншизам за постигнатиот договор за комисијата, но додава дека инсистира на демократски средства а последните се бојкот во Парламентот:

-Не верувам дека треба веднаш да се посегне по најкрајните мерки, а тоа се протести, напуштање, бојкоти, отпори, и тие се оставени на располагање како кај секоја опозиција, така и кај нас, но прво треба да направиме напори со сите демократски средства коишто ги имаме на располагање.

СДСМ нема да дозволи да улета и легитимира уште едни криминални и нелегитимни избори, не фер и недемократски избори, соопштува Заев:

-Зарем е фер 55 милиони евра да се дадат субвенции два дена пред изборниот ден, 12 милиони евра да се пуштат на медиумите на два дена пред изборниот ден? Сите директори на социјални грижи со списоци во раце да трчаат по најкревките, најраниви категории, тоа се социјалните случаи кои што живеат со тие пари и да им се закануваат директно. Полицијата да биде прва партиска војска на власта.

Тоа не се фер шанси. Јас сакам како претседател на СДСМ да знам дека секој граѓанин кој што донел одлука да гласа за СДСМ кога ќе дојде денот за гласање да гласа за СДСМ, а не да биде запашен, уценет буквално душичката да му биде земена од страна на власта, тоа не е во ред.

На секаде во Македонија пред кампања и од денеска предкампања, до денот на изборите луѓето се тресат како лист од страв, не знаат дали ќе им дојде инспекција, некоја кривична пријава, извршно решение, дали ќе бидат притворени ли не, тоа не здраво општество. Преку изборната регулатива ќе ги отстраниме сите овие можности на репресија врз гласачите или граѓаните од страна на оние кои треба да бидат сервис на раѓаните, а тоа е владејачката политичка партија којашто ја бирале досега.

Ред е во секоја демократска земја, пред избори, изборниот законик го носат власта и опозицијата со консензус, излегуваат во таков случај и Груевски и Заев, соопштуваат дека сега имаме фер регулатива и одиме на избори. Кога ќе го постигнеме тоа, ние сме подготвени за избори.

Заев на прашањето дали предлогот Горна Македонија е прифатлив за Македонија и за откочување на евроинтеграциите вели дека не сака да лицитира со предлози:

-Ниту знам дали е тоа предлог, ниту некој го соопштил. Јас мислам дека за нашето име не може да се зборува вака, Горна, Северна или што било. Јас сум Македонец, јас ги имам истите корени како секој Македонец, моето семејство има намера да опстојува како Македонци во оваа земја и нема да дозволам ни повеќе ни помалку од кој било свесен, трезвен, родољубив Македонец да се отстапи од нашите позиции.

Затоа лицитирањето со вакви предлози за мене е апсолутно неприфатливо и кога некои наши поддржувачи или поединци го споменуваат ова прашање, тоа не е став на СДСМ. Нашиот став по основ на ова прашање секогаш јасно го кажуваме, дали тоа било прифатливо или не, име вакво, Горна, Северна или слично за Република Македонија, не, за нас е неприфатливо, вели Заев во интервју за Слободна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.