Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не молчете кога е ваш ред да зборувате – на 15 јули излезете и гласајте за да продолжиме напред

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред нас е 15 јули, денот кога треба да одлучиме дали ќе излеземе да избереме сигурност или ќе останеме дома и со тоа ќе и дадеме шанса на опасноста и несигурноста Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Излезете, изјави лидерот на СДСМ и носител во ИЕ 4, Зоран Заев.

– За 2,5 години од изолирана држава станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ. Изодевме пат кој никој пред нас немал храброст да го оди, за денес, пред целиот свет да сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Имаме најбрз раст на минималната и просечната плата до сега. Имаме социјална држава и одговорна власт. Си ја градиме државата, рече Заев.

Знам, вели тој, дека не ги исполнивме сите ваши очекувања, дека направивме и грешки, но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме.

– Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме. И тоа ми дава право да кажам дека не сме сите исти и никогаш нема да бидеме. И тоа ме тера денес да се обврзам пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. И зад ова стојам со сиот свој интегритет пред вас, кажа Заев.

Тој побара поддршка за уште еден мандат, за како што вели, уште побрзо да продолжиме напред.

– Ја барам вашата поддршка. Го барам вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжам добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ. Изборот е очигледен. Но немојте да мислите дека работата е однапред завршена. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачко место кое ќе биде целосно безбедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате.Излезете. Гласајте, порача лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.