Published: Wednesday, May 13, 2015 15:48
На новинарско прашање дали СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе учествува во работата на анкетната комисија, Зоран Заев изјави дека неговата партија ќе се врати само по оставка на премиерот.
“Ќе се вратиме во Парламентот само после оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите за формирање на преодната влада. Само со негово заминување може да се вратат работите во нормала” изјави Заев.
Тој исто така изјави дека разговорите во Брисел се прекинати уште пред неколку недели и дека од нив нема ништо.




