Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема да дозволиме ниту едно дете да биде заборавено затоа што е родено во сиромашно семејство

0
By Нова ТВ on April 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 27, 2021 13:16

Повлекувањето на Законот за учебници не значи повлекување од намерата за електронски учебници, туку значи дополнително додавање на одредени елементи, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со повлекувањето на Законот за електронски учебници од собраниска процедура.

Појасни дека до трето одделение се продолжува со стандардниот дел на учење, со печатени учебници и дека првпат оваа година, покрај со печатени учебници за четврто одделение, ќе се пуштат и електронски учебници.

-Покрај печатените учебници, што четвртооделенците во државата ги имаат, ќе им пуштиме можност да имаат и електронски и дигитални учебници. Следната година ќе бидат четврто и петто. После таа ќе бидат, четврто, петто и шесто. И секогаш ќе ги имаат печатените учебници. Светот оди напред, дигитализација има секаде, апелирам да се даде шанса да бидеме рамо до рамо со современиот свет. Не треба да се плашиме, постапката не се брза, да дадеме шанса секоја промена носи придобивки, ги осовременува нашите деца, ги прави рамноправни со децата од целиот свет, рече Заев.

Премиерот додаде дека државата сака да воспостави еднаков третман на сите граѓани, посебно еднаков третман на децата.

-Нема да дозволиме детенце да биде заборавено, затоа што е родено во сиромашно семејство. Комплетно ќе алоцираме пари, за децата да имаат приближно еднакви услови за управување со информатички технолошките средства. Верувам дека ќе најдеме средства, рече Заев.

Претходно, Министерството за образование и наука демантираше дека се откажува од донесување нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали, со кој се нудеше и можност за дигитализација. Министерството укажа дека го повлекло од собраниска процедура само заради дополнување на делот за усогласување со европските документи.

МОН најавува дека законот ќе биде денеска на седница на Влада и оти потоа повторно ќе биде вратен во Собрание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.