Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Немам намера да поднесам оставка-ја водам Македонија во ЕУ и НАТО

1
By Нова ТВ on September 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 30, 2018 23:23

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва на прес конференција соопшти дека следниот чекор е да се разговара со пратениците во Парламентот за да се оцени дали има 2/3 мнозинство по што би започнала постапката за уставни измени.

-Ако нема Парламентот ќе се подготвува за предвремени парламентарни избори.  Патот е јасен, нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ. Имаме огромно мнозинство преку 90% или 600.0000 и повеќе граѓани. На ниту едни избори вака изразена волја не постоела. Јасен е патоказот по кој не упатуваат граѓаните, изјави вечерва Заев, кому на говорницата во Александар Палас го придружуваше целата Влада.

– Европска Македонија доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија. Дури и да имаше ценсус, дури и да гласаа милион и сто илјади граѓани, овој резултат од над 600 илјади гласови „за“ ќе значеше јасна определба „за“ европска Македонија. Народот направи многу важен избор, граѓаните кажаа „за“, рече тој.

Заев рече дека доколку одлуката е да има предвремени избори тогаш во рокот од 45 дена, тие би се одржале на 25 ноември. Но рече дека тоа е крајна алтернатива. Најави дека ќе побара средба и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за да разговараат за сите опзии. не сакаше да коментира зошто Мицкоски не сакал директно да одговори дали е за предвремени парламентарни избори.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку референдумот биде неуспешен Заев рече:

Денеска имаме успешен процес на референдум. Ако мнозинството видливи гласови беа против ќе го направев  тоа. Но кога имате мнозинство, кога поголем број од гграшаните излегле и рекле за, не само што  немам намера да поднесам оставка туку имам обврска да продолажам да ја направам Македонија членка на НАТО и ЕУ.

Тој потврди дека разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас, истакнувајќи дека тој ја поздравил одлуката на мнозинството и дека одлуката испратила порака дека иднината е на храбртите и дека двете страни остануваат целосно посветени на имплементација на договорот.

Во врска со собирот пред Собранието, каде приврзаниците на движењето „Бојкотирам“ слават неуспехна референдумот Заев потсети на она што се содржи и во програматана ВМРО ДПМНЕ.

-Јас сум демократ и почитувам демократски права. Видов гужва пред Собранието. Секако ги почитувам сите граѓани. Да не заборавиме дека врвно демократско право е правото на избор и референдум. Сите политички партии рековме, никој освен граѓните нема да ја донесе одлуката. Дека на референдум ќе се донесе одлуката стои и во програмата на ВМРО ДПМНЕ, односно дека таа ќе биде врз основа на тоа како се изјасниле поголемото мнозинство, рече Заев.

Упати благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои презедоа одговорност за својата татковина и гласаа по сопствена волја, и покрај тоа, како што рече, што раководството на партијата заговараше бојкот.

– Сега кога имаме мнозинска изразена волја време е пратениците во Собранието да го следат гласот на мнозинството со цел да ги забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ и да обезбедиме подобра иднина. Гласот на граѓаните е јасен повик до нив да му се приклучат на процесот и да работат за заедничката цел. Ги повикувам сите одговорни лидери, секој пратеник да се обединиме и да ја одведеме Македонија таму каде што припаѓа во ЕУ и НАТО, рече Заев.

Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот и националниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси.

–  Знам јас, знае опозицијата, а знаат и граѓаните дека подобар договор со Грција нема и не може да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме играчки со нашата иднина и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.