Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ние нема да трошиме на споменици- со тие пари ќе ги решиме проблемите

0
By Нова ТВ on December 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2013 22:37

Граѓаните можат многу едноставно да го сфатат концептот на СДСМ за враќање на средната класа затоа што тој нуди враќање на пари кон народот, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните од општините Бутел и Чаир, каде со потпретседателот Ванчо Узунов отворена трибина ги презентираа предлог мерките од програмата на партијата.

„Дури 130 милиони евра ќе вратиме кон граѓаните. И тоа ќе има мултиплицирачки ефект на целата економија“ додаде Заев.

Зборувајќи за тешката економска состојба во која се наоѓа Република Македонија Заев акцентираше дека социјалната раслоеност и постојаното осиромашување ги оддалечи луѓето.

„Во време пред празници сме. Ама, како во Македонија да не доаѓа некој празник. Луѓето ни се затворија дома, ниту одат на гости ниту имаат можност да ги пречекаат своите, затоа што гледаат да заштедат на се што можат. Вака ли отуѓени треба да живееме? Секако не. Па, нашиот човек е топол човек, дружељубив. Затоа ние нудиме ваков концепт, издржан, остварлив, реален. Враќањето на средната класа ќе значи и повторно зближување на луѓето“ рече Заев.

За проблемот со енормното загадување на главниот град Заев посочи дека тој само последица на погрешните политики и на изборот на погрешни приоритети.

„Власта од неколку споменици да се откаже ќе се решат неколку проблеми. Важно е да се има волја и да се мисли на народот. Само така ќе се вратат насмевките на лицата на нашите граѓани. Ние нема да трошиме на споменици, и ете ги парите, ќе се решат неколку проблеми“ рече Заев.

Враќањето на средната класа ќе значи стабилност на економијата. Повеќе пари за секое просечно семејство ќе значи економска стабилизација на тоа семејство. Заедно со другите подобрувања, тоа ќе биде генераторот на стабилноста на целата економија и ќе допринесе за економски раст, рече во обраќањето Потпретседателот Узунов.

Во пакетот социјални мерки беше презентиран порастот од минимум 40% на социјалната парична помош, на постојаната парична помош и на помошта за нега од друго лице.

На трибината беа презентирани повеќе мерки за вработувања, особено на младите. Беше спомената мерката за отворање на 16 бизнис инкубатори и државна поддршка на 320 бизнис идеи со што ќе се отвори можноста за вработување на над 5.000 млади луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.