Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Никој не побарал да се смени името на црквата

4
By Нова ТВ on May 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 31, 2018 15:13

Владата денеска го објави писмото што премиерот Зоран Заев до испратил до Вселенската патријаршија со кое побарал помош околу конечно решавање на црковниот спор што постои од возобновување на Охридската архиепископија.

Во писмото од премиерот се наведува дека заедно го проследува и писмото од Архиереите и притоа се бара „согласно со вековните права на Вселенскиот Престол да се реши долгогодишното црковно прашање на нашата земја“.

Премиерот Заев, денеска одговарајќи на пратеничко прашање рече дека никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ и тоа не е тема на дебата околу името, туку прашањето е помош околу решавање на црковниот спор, кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА.

-Барањето во писмото е патријаршијата да помогне за признавањето на МПЦ-ОА. Дополнително на писмото кое светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето, рече Заев.

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј за порталот религија.мк потврдува дека МПЦ ОА испратила писмо за решавање на статусот на нашата црква, но ги оцени како шпекулации пишувањата во медиумите дека се бара бришење на зборот „македонска“ од името на црквата.

-Ние испративме писмо за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Никој во МПЦ нема да се откаже, ниту барал какво било откажување од уставното име на МПЦ-ОА. Како некоја од грчките цркви нам ќе ни се обраќа е нивна работа, ние сме и Македонска православна црква и Охридска Архиепископија, вели владиката Тимотеј, за порталот Религија.мк.

Обид да се дојде до признавање на автокефалноста

„Ова што се прави со писмата до Вселенската патријаршија (ВП) од страна на МПЦ-ОА и премиерот Заев е обид да се дојде до признавање на автокефалниот статус на нашата црква, што се обидуваме да го добиеме веќе 50 години. И досега МПЦ-ОА се обидувала да добие признавање од Вселенската патријаршија но била одбивана. Не би сакал да верувам дека е ова само заради нашето омекување во однос на преговорите околу името со Грција кои влегуваат во финална фаза“, вели новинарот Бранко Ѓорѓевски кој долго време го следи проблемот со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Вселенската патријаршија до сега одбиваше јавно да каже нешто, а камо ли да го стави во процедура барањето на МПЦ за добивање на автокефалност и не’ упатуваше исклучиво на преговори со Српската православна црква (СПЦ). ВП и’ порача и на Бугарската црква дека ги прекршува каноните ако направи нешто во однос на МПЦ. Сега таа сама МПЦ ја става во процедура и ќе го разгледува нашето барање иако би можела веднаш и молчешкум да не одбие и да ни каже дека за нас е надлежна СПЦ, вели Ѓорѓевски.

 

Тој како што вели, лично, нема дилеми дека нашата црква не би се откажала од името МПЦ-ОА.

-Ова е еден вид на двојна формула за комуникација со други цркви. Името Охридска Архиепископија (ОА) би го користел блокот на грчки православни цркви а ние би го задржале МПЦ за внатрешна употреба, вели Ѓорѓевски.

Вселенската Патријаршија го разгледала барањето на МПЦ – ОА

Вселенската Патријаршија уште вчера го потврди добивањето на, како што велат оттаму, барањето и писмото од македонскиот премиер.

-Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската Патријаршија, пренесе МИА.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок.

– Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх, соопштуваат од Вселенската Патријаршија.

 

 

И грчката Влада се огласи по ова прашање како одговор на прашањата од опозицијата. Во соопштението се наведува дека постои одлука на Светиот синод на Вселенската Патријаршија „да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ“.

-Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот „Македонија” од името на црквата на нашите северни соседи, пишува во соопштението што кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас го испратил како одговор на прашањата од опозициската партија Нова демократија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.