Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата со Бугарија

0
By НОВА ТВ Balaban on October 3, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме пријателски земји, нашите народи се блиски. Први соседи сме и треба да соработуваме. Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака затоа што и навистина се движиме на позитивен пат. Иако работат се уште технички комисии од двете министерства за надворешни работи, можам да кажам дека тоа е патот. Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата, изјави денеска премиерот Зоран Заев во село Теново, Oпштина Брвеница, каде почна акцијата за пошумување на опожарените површини.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека в среда во Словенија ќе имаат состанок со претседателот Радев, со високите претставници на ЕУ, со премиерот Јанша. Посочи дека на Самитот ќе бидат присутни еврокмесарот за проширување Вархеји, канцеларката Меркел, претседателот Макрон и многу други европски лидери и нагласи дека уште еднаш ќе потврдиме дека тоа е патот.

Според него, по завршување на изборите сите политичари, кај нас, во Бугарија и насекаде се поразумни, поодговорни отколку пред избори. Смета дека со завршени избори кај нас и во Бугарија тоа е првата причина за да имаме добра шанса.

-Втората уште посуштествена причина е во разговорите се движиме на добар пат. Меѓусебната разбирачка се повеќе е присутна во разговорите. Тие да не разберат нас, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас, потенцира Заев.

Прашан за очекувањата од Самитот ЕУ-Западен Балкан, премиерот Заев рече дека очекува генерално да се зборува за Западен Балкан и додаде дека ова не е одлучувачки, туку политички самит посветен на земјите од Западен Балкан. Изјави дека ќе присуствуваат голем број претседатели, премиери, канцелари од сите земји членки на ЕУ.

-Словенија ни е голем пријател, отсекогаш ни била. Премиерот Јанша се залага многу да го врати позитивниот сигнал за проширувањето кон Западен Балкан. Верувам дека со соодветни формулации на реченици, со конкретни гестови, со сериозни одлуки ќе се испрати таа порака на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и јасна. Затоа што ова е обострано потребен процес. Да, нам ни треба затоа што сите земји од Западен Балкан нашата иднина ја гледаме во ЕУ, но и ЕУ знае дека и треба Западен Балкан. Ние сме дел од Европа, ние не сме само дел од европскиот континент, туку сме дел од Европа како политички систем, како организација и сл. и нашето место е токму таму,  изјави Заев.

Потврдата, како што рече, ја имаме секојдневно, дали се работи за бегалска криза па заедно дејствуваме, дали се работи за енергетските проекти, за економските текови…

-Пораките мора да бидат чисти и верувам дека тоа ќе се случи в среда, на 6 октомври. Ќе биде дополнителна мотивација меѓу Бугарија и Северна Македонија навистина до крајот на годината да ја завршат оваа работа, ги затворат отворените теми и отворат едно ново поглавје на соработка, а тоа за нас значи европеизација во делот на совладување на поглавјата, кои верувам дека во 2022 година ќе бидат отворени, изјави Заев.

Прашан за изјавата на премиерот Јанев, Заев рече дека ова се решава билатерално и додаде дека ние разговараме билатералано за да го изнајдеме решението.

-Имаме позитивни поместувања, билатерални во разговорите и тоа е причината зошто верувам дека ќе се придвижиме кон решенија и верувам дека сите сме заморени, рече Заев. Додаде дека за време на кризата во споредба со лани трговијата меѓу нашата земја и Бугарија е порасната за 20 отсто.

 

 

Бугарија Зоран Заев Теново
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.