Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Очекуваме победа со повеќе од 61 пратеник

0
By Нова ТВ on March 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се надева дека заедно со партиите од коалицијата на предвремените парламентарни избори ќе победат со повеќе од 61 пратеник. Но, тоа, вели Заев, не значи дека не се отворени за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство со цел да се работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата за да се подобри животот на граѓаните. Сепак, како што потенцира, тоа ќе се направи само со партии кои ќе се променат на подобро за да може да се подобрат и состојбите во државата.

„Со 61 пратеник се формира Влада, но потребно е стабилно парламентарно мнозинство поради тоа што, рековме, претстои период во кој ќе работиме дома. ЕУ и НАТО, бидна, решени се проблемите со Грција и Бугарија. Мултиетнички дома сме единствени и сплотени. Треба да работиме на севкупна трансформација дома вклучително и на сите нас како поединци во функција на наше подобрување, на зголемување на продуктивноста, одговорноста, да има ред и поредок. Исто така треба да се работи на економијата, на подобрување на животниот стандард, поголеми плати, итн.“, рече Заев на прес-конференција во партиското седиште.

Тој додаде дека сето тоа е условено од стабилно парламентарно мнозинство.

„Логично е дека по два основа треба да се бара партнер. Дури и со обезбедена коалиција, ние не велиме дајте ни 61 пратеник, за да не зависиме од никој. Ние треба да зависиме од секој, дури и од идната опозиција. Зошто? – Затоа што тоа е демократија. Во вакви околности логично е и втората по големина заедница, албанската, да биде видливо застапена во Парламентот, значи со барем десетина, 12 -13 пратеници имајќи предвид дека во корпус се обезбедуваат околу 23 мандати на Албанците, наши, на БЕСА, на ДУИ, на Алијанса за Албанците, итн. Исто така, треба да биде застапена и македонската етничка заедница, но и Бошњаците, Србите, Ромите, Турците, односно помалите етнички заедници“, рече Заев.

Тоа, додаде лидерот на СДСМ, е стабилно парламентарно мнозинство, застапеност на етничките заедници и поголема бројка на идната владина коалиција за непречено функционирање на Парламентот.

„Опциите на изборот треба да бидат согласно вредности и принципи. Граѓаните очекуваат партиите да се менуваат, да се подобруваат. Затоа многу чесно зборувам за работи кои се проблематични во општеството. Како што ни замерувале нам и ние сме се труделе и сме се промениле, сме давале одговори и сме правеле се да ги корегираме работите, тоа го очекуваме од партнерите во коалицијата и од идни коалиции кои би ги направиле. Не може да дозволиме дивоградби кој каде сака во Охрид, или дивоградби на Матка, не може да нема одговорност и отчетност за важните проблеми“, рече Заев.

Тоа, според Заев, го очекуваат граѓаните кои биле трпеливи додека се решавале крупни прашања, но, како што додаде, нема да и прогледаат низ прсти на идната власт.

Зоран Заев избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.