Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Од лидери станавме лузери

0
By Нова ТВ on June 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 30, 2013 16:31

Заев: Од лидери станавме лузери

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат многу понадежна и посветла иднина. СДСМ тоа ѝ го должи на Македонија и тој долг ќе мора го подмириме, изјави претседателот на СДСМ , Зоран Заев на 15 конгрес на партијата. Во обраќањето тој возврати и на критките кои неодамна на негова сметка ги пласираше премиерот Никола Груевски.

– Денес, човекот што им ја скрши кичмата на граѓаните на Македонија, го пеплоса ’рбетот на државата, човекот што во име на античките корења на нашиот народ го порази и погази достоинството на земјава и македонскиот народ сè уште не сфаќа дека има огромна разлика помеѓу свиткана кичма и скршена кичма. Ние сме силата што мора да ги оневозможи ветата што Груевски и неговата владеачка номенклатура ѝ ги наметнаа на Македонија. Притоа да бидеме на јасно – СДСМ нема да дозволи прав да падне врз нашиот национален идентитет, нашиот национален јазик и нашата национална посебност – рече Заев.

Во говорот пред делегагтите Заев зборуваше и за европските перспективи на Македонија,

Се распрснаа како меур од сапуница надежите на граѓаните за членство на земјава во европското семејство на држави. Македонија благодарение на концептот на премиерот не е ни вредна за спомнување од европските авторитети. Од лидери, станавме најголеми балкански лузери. Тажно и разочарано гледаме во грбот на довчерашните европски аутсајдери – Србија и Косово, а пред седум години чекоревме заедно со Хрватска – утре таа е полноправен член на ЕУ. За дебаклот Груевски дрско и безобразно ги обвинува сите – опозицијата, домашните предавници, меѓународната заедница… Цел свет е виновен, само тој не, рече Заев.

15 конгрес на СДСМ е псоветен на измените на статутот на партијата.

Промените на Статутот предвидуваат засилување на скопската организација, бидејќи како што истакна Заев, без победа во Скопје, нема победа во Македонија. Новиот статут на партијата ќе значи и проширување на Централниот одбор со по еден член од руралните средини, како и активирање на месните организации на партијата. СДСМ со измените на статутот ќе добие за прв пат и свој заменик претседател, место резревирано за Радмила Шекеринска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.