Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Пелинце повика на масовна излезеност на референдумот

1
By Нова ТВ on August 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 2, 2018 12:38

Ве повикувам да кажете со гордост „ДА“ за да ги зграбиме можностите кои ги нуди ЕУ. Да кажеме „Да“ за НАТО, за признаен и потврден македонски идентитет, јазик и култура. Време е Македонија да направи историја, ова е нашата шанса, одговорот треба да го дадеме заеднички. Никој нема место нас да донесе одлука, порача премиерот Зоран Заев во своето обраќање на прославата во Пелинце, оврнувајќи се на Договорот со Грција.

„Договорот што го постигнавме е историски гледано најдобрата и фер шанса, влог во македонската иднина кој го расчисти патот на нашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Стануваме членки, со договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото културно наследство. Ќе стоиме гордо под нашиот јарбол. Со договорот химна, грбот и знамето остануваат засекогаш. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет. Договорот го гарантира правото да се определуваме како Македонци, нема повеќе оспорувања“,  рече премиерот Заев.

Премиерот ги повика граѓаните да се обединат.

„Мој народе ова се причини за патриотизам. Патриот си кога се грижиш за она што доаѓа утре. Овој договор е патриотиски, резултат е на таа грижа. Патриот си ако го сакаш најдоброто за својата земја. Најтешко е да си го гледаш народот поделен. Да ги запреме поделбите внатре, со соседите и на поделбите со европското семејство. Илинден АСНОМ се за заедништво, а не за поделби. На граѓаните им е доста од поделби. Време е за храброст. Храбри сме и знаеме во секој граѓани во Македонија има по еден партизан и по еден комита. Заедно ја напишавме нашата историја, заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина, рече премиерот Заев на прославата во Пелинце.

На прославата во меморијалниот центар Aсном во Пелинце делегацијата ја предводи претседателот на владата Зоран Заев заедно со министрите за внатрешни и за надворешни работи, за правда и за култура, Оливер Спасовски, Никола Димитров, Рената Дескоска и Асаф Адеми.

По завршувањето на чествувањето во Пелинце, премиерот Заев попладне ќе ја одбележи 115-годишнината од илинденското востание и во Благоевград, Бугарија, заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тоа ќе биде втора заедничка прослава по потпишувањето на договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето во Благоевград ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а од бугарска страна – министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.