Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Прилеп: Криминалот излезе на виделина

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2014 22:45


– Прилеп, прилепи се кон промените, прилепи се кон желбата за подобар живот, за просперитетна Македонија, невремето поминува, но оваа елементарна непогода која ја зафати Македонија овие 8 години може да си оди само со заедничка борба. Заедно со граѓаните можеме да и ставиме крај на оваа елементарна непогода, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во Прилеп.

Тој на прилепчани им посочи дека Груевски не може веќе да биде на власт, и дека е фатен во криминал, а јавноста тоа го слушна и го виде.

Ние сме земја кандидат за член на ЕУ, криминалот не може да помине неказнето, рече Заев.

Од Прилеп Заев упати и апел до вработените во администрацијата, земјоделците, социјалните случаи. Ги праша дали ќе дозволат да бидат уценувани и исплашени дека ќе останат без работа, без субвенции, без социјална помош.


– Субвенциите се законско право, тие ви следуваат законски, не треба никој да ве уценува со нив, потенцираше лидерот на Социјалдемократскиот сојуз.

Пред прилепчани зборуваше и кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Побара поголема излезност на изборите во вториот круг на претседателските избори. Им се обрати и на гласачите Албанци.

– Ако се решат да го бојкотираат и вториот круг, тогаш му даваат мандат на Ѓорѓе Иванов, а што е уште полошо и на неговиот ментор кој контролира се. На 13-ти се случи системски грабеж на гласовите. Затоа на 27-ми април, сите да излеземе на гласање и да се избориме за поинаква, подобра Македонија, рече Пендаровски.

Од Прилеп се обрати и носителот на изборната единица 4, Хари Локвенец. Тој порача дека на Прилеп му се потребни промени, а на Македонија нов почеток.

– Вака повеќе не може. Македонија не е нивна приватна сопственост да си играат со неа како сакаат. Таа е моја, таа е наша татковина, рече Локвенец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.