Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео)Заев од свеченоста во Прилеп по повод 11 0ктомври-Да се обединеме да ги надминеме разликите да го исполниме заветот на нашите револуционерни предци

0
By Mirjana on October 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Вечно нека трае споменот и одбележувањето на слободарското и државотворно востание со кое во меѓународната заедница на народите беше впишана државата Народна Федерална Република Македонија. Ние денеска длабоко се поклонуваме пред овој историски чин.

Денот на народното востание, е врежан со златни букви во колективната меморија на нашиот народ. Големо дело. Дело кое ги вивна вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава. Дело кое израсна врз рушевините и погромот на ужасите на Втората светска војна, и дело кое ја создаде државноста на нашата земја преку победата над фашизмот. Заедничката победа на прогресивните народи на Европа и Светот. За сето ова беше поднесена огромна жртва. Втората светска војна на нашата територија заврши со околу 25.000 загинати борци и други жртви. Вечна им слава, почит и поклонение! , изјави претседателот на Македонската Влада Зоран Заев на вечерашната свеченост во Прилеп, со која почна чествувањето на годинешниот 80-годишен јубилеј од Народното Востание .

-Почитувани, Празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година правиме подобра држава, поубаво место за живеење. Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите косполитиски идеи кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите, рече премиерот Заев. Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, – сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите!, нагласи премиерот Заев.

Денес, Република Северна Македонија е држава со сите нишани. Нашето место во ООН е недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Уште на почетокот на независноста од која годинава одбележуваме три децении, граѓаните го зацртаа патот по кој треба да се движи македонската државност а тоа е патот на современите демократии , европски пат, кон демократски вредности., рече Заев.

Тој се осврна на процесот на постигнувањето на Преспанскиот договор со Грција и на договорот за добрососедство со Бугарија.Тоа се постигна со упорност и одважност. Тоа беа крупни и важни одлуки за да потврдиме дека нашата земја била  одсекогаш Европа.

Дезинформираа дека сме го бришеле АСНОМ од нашата историја- Никогаш, по никоја цена! Не само што не се избришани во преамбулата АСНОМ сега се вреднува и споменува повеќе пати, рече Заев акцентирајќи дека сега и македонскиот јазик си има свој празник 5 мај и дека за него се зборува насекаде во светот.

Премиерот говореше и за членството во НАТО и за тоа колку гордо се развиорело македонското знаме на еден од јарболите во дворот на НАТО кога и се интонираше македонската химна.

Премиерот се осврна и на перспективите кон Европската Унија од која очекува реално да ги претстави перспективите на проширувањето и дали тоа останува и натаму стратешка цел на Европската Унија. Мкаедонија денес е успешна приказна која со својот пример почнува да ги менува сликата и манирите на Балканот.

Заев од свеченоста во Прилеп по повод Националниот празник 11 Октомври-Денот на народното востание , повика да се надминат поделбите и да се обединиме со тоа што ќе се исполни аманетот на нашите предци што како завет ни е оставен од  Илинденското Востанием преку АСНОМ до референдумот за независност.

10 Октомври 2021 Заев Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.