НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Вашингтон: Пенс ја пренесе поддршката од Трамп за Договорот

0
By Нова ТВ on September 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

жСАД даваат силна поддршка на историскиот Договор од Преспа што ќе и го отвори патот на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, ќе ја зацврсти безбедноста на целиот регион и ќе овзоможи економски просперитет. Затоа е многу важно во овој критичен момент за иднината на државата, граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот на 30 септември, порача американскиот потпретседател Мајк Пенс на синоќешната средба во Белата куќа со македонскиот премиер Зоран Заев.

– Потпретседателот Мајк Пенс му ги честита на премиерот Зоран Заев историскиот Преспански договор со Грција за решавање на долготрајното прашање за името меѓу двете земји и му се заблагодари за неговото водство во обезбедувањето на договорот. Потпретседателот изрази силна поддршка за Преспанскиот договор, кој, откако ќе се спроведе, ќе доведе до поголема безбедност и просперитет за целиот регион. Потпретседателот и премиерот разговараа за следните чекори во спроведувањето на договорот, вклучувајќи го и претстојниот референдум за 30 септември и важноста сите граѓани да гласаат во овој критичен момент за иднината на земјата. Потпретседателот изрази силна поддршка за членство на земјата во НАТО и во ЕУ, пишува во соопштението од кабинетот на Пенс.

Потпретседателот на САД веднаш по состанокот со Заев на Твитер напиша дека Вашингтон дава силна поддршка на, како што нагласува, историскиот Договор со Грција.

– Спроведувањето на овој Договор ќе обезбеди поголема сигурност во регионот, наведува Пенс.

Премиерот Заев, пак, по средбата изјави дека Пенс ја пренел пораката од американскиот претседател Доналд Трамп за поддршката на Вашингтон за покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот Договор со Грција што го отворија патот за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

– На средбата со потпретесдателот Мајк Пенс бевме сериозно охрабрени за успех на претстоечкиот референдум. САД беа со нас во текот на целиот процес на изнаоѓање решение на спорот со името со Грција, кој се реши билатерално, но тие беа тука да охрабрат и да мотивираат. Од нашата независност досега САД имаат дадено преку 1,25 милијарди долари поддршка на Македонија во сите области. Поддршата доаѓаше и во одбраната и во образованието, правосудството и во други области. За одбраната, она што го очекуваме е поддршка преку зголемување на интероперабилноста на армијата со НАТО. Америка е најголемиот партнер во нашето ново партнерсто со Алијансата и верувам дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднидна, затоа што тоа го докажавме и кога не бевме членка на НАТО, но сега кога ќе станеме дел од Алијансата, поддршката ќе биде уште поголема, изјави Заев во интервју за МИА по средбата.

Дијаспората е повеќе поделена во однос на референдумот отколку граѓаните во Македонија

Впечатокот на Заев е дека поделеноста во дијаспората е поголема отколку во Македонија во однос на референдумот.

-Во Македонија граѓаните со во огромно мнозинство „за“, но верувам и голем дел од опозицијата ќе бидат „за“ и ќе успее референдумот. Нашата дијаспора ни е исто толку важна како и дома. Во суштина не гледам зошто би морало да има ваква поделеност. Јас би сакал да апелирам до сите сите наши сограѓани кои живеат во Америка, но и насекаде во нашата дијаспора, дека Македоија ја исполнува вековно очекуваната аспирација на нашите татковци и дедовци. Тоа е конечно да добиеме земја што е признаена од целиот свет, во која живее македонски народ признаен од сите, со потврден идентитет кој никој повеќе нема да го спори и со потврден и признаен од целиот свет македонски јазик. Никој повеќе нема да го спори македонскиот идентитет! Сите треба да бидеме горди на тоа, вели Заев за МИА, додавајќи дека ја разбира вознемиреноста  на дијаспората во однос на додавката „северна“, но истакнува дека нема друга Македонија освен нашата.

-Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е само наша Македонија и нема да има друга во светот. А знаејќи каква преспектива и иднина обезбедуваме за државата, но пред се за нашите деца и за генерациите после нас, верувам дека ова е навистина сериозна причина да се обединиме. Со овие зборови сакам да ги мотивирам сите. Без разлика дали сме пријавени и дали сакаме да гласаме или не, сметам дека на Македонија и е насушно потребна поддршката од дијаспората. Но, овојпат е важно сите, без разлика кај и да сме, дома или во Австралија, Канада, Америка или Европа – сите да дадеме поддршка на она што значи единствена алтернатива за нашата Македонија, вели Заев.

На прашањето дали Македонија добива конкрентна американска поддршка во борбата против руската пропаганда, тој вели дека САД принципелно не поддржуваат, но со лажните вести ние дома сами се справуваме.

-Ги користиме сите наши алатки кои ни стојат на располагање, како здруженијата на новинари, асоцијациите за етички стандарди во новинарството, и ние како Влада, со нашите сектори за односи со јавноста, ги поддржуваме тие напори, преку споделување на вистински вести и сузбивање на лажните. Лажните вести ги има насекаде, не само во Македонија, и тоа е глобален тренд. Гледам дека постојат некои алатки за максимално споделување лажни вести и тие алатки се употребуваат од поединци и групи, најверојатно надвор од Македонија. Немаме докази дека тоа се плаќа од кај нас, сигурно доаѓа од надворешни играчи, но граѓаните се доволно мудри да препознаат што се вистински, а што се лажни вести. Ние се обидуваме да ги сузбиеме тие дезинфоремации, за да може вистинските и проверените информации да допрат до граѓаните, бидејќи врз основа на точни и проверени информации, граѓаните ќе донесат исправна одлука и за референдумот, но и за процесите кои следуваат после него, вели Заев во интервјуто за МИА.

Заедничка прослава на приемот на НАТО следната година

Од владината прес служба соопштија дека на средбата со Пенс Станало збор и за можноста заеднички да биде прославен приемот на Македонија во НАТО наредната година.

Средбата во Вашингтон се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ. 

Во почетокот на овој месец и  американскиот претседател Доналд Трамп, во писмо до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изрази поддршка за договорот со Грција, оценувајќи го како историски и можност за отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

Заев Пенс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.