Премиерот Зоран Заев, вечерва имаше свое обраќање на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука која се одржа во Битола, градот во кој пред 109 години, албанските интелектуалци го стандардизираа албанскиот јазик.

– Прогласување на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо, е составен дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија. Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајки ја и албанската, придонесува за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани. Градиме едно и единствено, општество еднакво за сите. Градиме граѓанско општество, истовремено со почит кон етничките, националните, верските и културните разлики. Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво кое се градеше со векови, што претставува обврска за нашата заедничка иднина – рече Заев во говорот.

Тој истакна дека треба да сме горди што етничката и јазичната разноличност ги сметаме за наша предност.

– Кога денеска го одбележуваме и славиме Денот на албанската азбука, заеднички го прославуваме и постоењето и зближувањето на две културни традиции  кои опстојувале заедно со векови – додаде Заев.

Според него, моделот за иднината започнува со почитување на сите заедници.