Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Потребен е консензус по прашањата на економскиот развој на земјата

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо.

Како што соопштија од владината прес-служба, на состанокот се дискутираше за заклучоците по однос на приоритетните прашања презентирани од Асоцијацијата на состанокот одржан во декември 2020 година, според кој приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива како и останати прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.

Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемувањето на довербата на инвеститорите, отпочнувањето на нови инвестиции, поттикнувањето на извозот, зајакнувањето на човечкиот капитал, а со тоа и подобрувањето на севкупниот економски раст во државата.

На состанокот дискутираа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

На состанокот беше истакнато дека од голема важност е во Собранието на Република Северна Македонија да има консензус по однос на прашањата кои се од национален интерес за економски развој на земјата.

Дополнително беше истакнато дека позитивен сигнал е растот на извозот. Согласно податоците на статистика, вкупниот извоз во јануари бележи раст од 15,5% споредено со истиот месец минатата година и изнесува 32,5 милијарди денари. Ова е шести месец по ред како што извозот расте и воедно бележи најголема покриеност на увозот со извозот со стапка од 84,7%.

Владата на Република Северна Македонија, се наведува, во континуитет ги поддржува извозните компании. И во петтиот пакет економски мерки до крајот на 2021 година се укинуваат царинските стапки за 71 продукт и суровина. За извозните компании дополнително се укинати и намалени царинските стапки за  31 суровина и за месо. Предвидено е и ревидирање на царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ пазарот и пазарите на членките на Светска трговска организација. На располагање се и останати владини мерки за компаниите од сите дејности, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.