Денеска е прв ден на судски процес, на претседателот на најголемата владејачка партија, против претседателот на најголемата опозициона партија. Предмет доста добро познат на јавноста, но сепак одлична можност да се докаже владеењето на правото и правдата во Република Македонија, рече лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев, пред новинарите.
Тој истакна дека очекувам од судот внимателно да се разгледаат сите докази во постапката и очекувам фер судење.
На новинарско прашање дали очекува да се појави на следното рочиште, Заев рече дека најверојатно, на рочиштата коишто ќе бидат главни расправи каде што ќе се презентираат доказите. „Според мене во најмала рака е етичка обврска да биде појавен на суд и тужителот и тужениот. Секако, не сум правник да кажам дали по закон е задолжително, но во најмала рака е етички одговорно да се појави“, рече Заев.
Во однос на оштетата од петстотини илјади евра Заев рече дека ако интенцијата на Премиерот е да докаже нешто, требал да побара едно евро. Зошто петстотини илјади евра,
оставам на Вас новинарите да толкувате, и пред се на граѓаните.




