Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Република Илинденска Македонија можно решение за спорот за името

1
By Нова ТВ on May 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Заев по лидерската средба рече дека го информирал државниот врв за сите детали за преговорите со Грција кој се воделе  со цела одговорност и посветеност на државните интереси.

„Владите на Република Македонија и на Грција разгговараа за  опција и за решение кое може да биде прифатливо за двете страни. Република Илинденска Македонија е името за кое е можен компромис со Грција.На англиски: Republic of Ilinden Macedonia. Со овој предлог се  зајакнува темелот на нашата Република, а Илинден  значи историски контунуитет на нашите стремежи, нашата државност и гордост“ рече Заев, кој додаде дека со ова можно решение „го чуваме достоинството, го потврдуваме нашиот македонски идентитет и  е гаранција и за мултиетничка Македонија“.

Заев упати порака и до Грција дека со ова решение се прави целосно разграничува со регионот Македонија во Грција од секој аспект.

„Илинденското востание е за социјални права и слободи и немаме никави територијални претензии кон ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Потврдувам и јас и мојот народ дека немаме никакви територијални претензии и ги потврдуваме неменливоста на границата и почитување на наследството на грчкиот народ и на Грција“ рече Заев.

Во јули, Заев очекува Македонија да  покана за НАТО што ќе ја гарантира безбедност и стабилност, а со решен спор како што ќе рече, ќе нема повеќе  пречки и за членство во Унијата.

Во пакетот решение, јазикот останува македонски, идентитетот е гарантиран, а за кодовите останува МК и МКД.

„Заради гаранцијата за влез во НАТО и ЕУ и гаранцијата на нашиот идентитет ќе прифатиме севкупна употреба на името Република Илинденска Македонија“ рече Заев.

Спроведувањето на новото име за внатрешна употреба би се одвивало во фази, како што ќе напредува земјата во членството на ЕУ, а ќе се обезбеди преку рефрендум и уставни амандмани.

Целиот пакет треба да биде прифатен и од грчка страна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.