Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Се гледам со сите граѓани кои се охрабрија против овој режим

0
By Влатко Чаловски on December 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 22, 2015 17:47


*Прес-конференцијата започнува од 24:49 минута бидејќи ова е видеото од “live-stream“

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, власта во моментов режира сценарио исто како и пред проектот „Вистината за Македонија“.

– Тогаш тврдеа дека прислушувале странски служби, па потоа жолти комбиња, па дека опозицијата прислушувала. Сега повторно преку пропагандата Груевски режира филмови. Велат ние фалсификуваме лични карти, за самите себе да се отвориме истрага и да се прогласиме за виновни, изјави Заев, напоменувајќи дека вистинската истрага ја отворил новиот министер во МВР, Оливер Спасовски.

Како што вели првиот човек на најголемата опозициска партија, тој во минатото постојано ги повикувал граѓаните кои поседуваат било какви материјали и докази за работењето на власта, да ги достават до него и до медиумите.

– Се гледав и се гледам со сите граѓани кои се охрабрија и се охрабруваат да помогнат во разобличувањето на оваа криминално-корупциска власт на Никола Груевски. Вистината е дека мафијата е во Владата. Груевски, Мијалков и нивните соработници не можат да го спречат тоа преку афери во медиумите, порача Зоран Заев.

Според Заев, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ бил во паника, и ширел пропаганда свесен за безизлезот во кој се наоѓал.

Во однос на шпекулациите дека тој бил на заедничка фотографија со првоосомничениот од т.н афера „Фабрика за лични карти“, Заев не ја исклучува можноста при средбата со граѓаните кои доставуваат материјали да има и осомничени, но тоа, како што вели тој, не го менува фактот дека се работи за корупција извршена од страна на власта на Груевски.

Тој вели истрагата треба да покаже како материјалите за личните карти објавени во неделникот „Фокус“ дошле до лицето кое ги пријавило.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали можеби Договорот од Пржино се ниша и неизвесно е дали ќе бидат спроведени изборите во април, Зоран Заев вели, тој договор за СДСМ е единствениот кој дава реална можност за целосен легитимитет на следната власт и излез од политичката криза.

– Договорот од Пржино е единствена можност за излез од политичката криза. Императив на договорот е спроведување на кристално чисти избори кој ќе му дадат целосен легитимитет на победникот. Избори може да има само ако бидат обезбедени сите предуслови за кристално чист изборен процес, рече Заев.

>> Спасовски: Не сум вмешан во аферата со фалсификуваните лични карти

>> Обвинителството не открива дали има кривични за фалсификувани лични карти

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.