Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев се сретна со коалициските партнери, доби поддршка за наоѓање решение по ветото на Бугарија

0
By Нова ТВ on December 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставници на сите партии членки на владината коалиција, на која беше изразена посветеноста на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во владината Програмата и искажана силна поддршка за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на бугарското вето, со цел земјата да продолжи по европскиот пат.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата премиерот Заев им упати благодарност на коалициските партнери за нивниот придонес во Владата и во Собранието, во интерес на граѓаните и иднината на државата, но и во процесот на креирање политики за помош на граѓаните и стопанството, особено во периодот со Ковид пандемијата.

– Завршувањето на стоте дена од мандатот и крајот на годината е убава прилика да се состанеме, да разговараме за сето она што го постигнавме како владина коалиција и парламентарно мнозинство, но и да разговараме за идните чекори врз основа на довербата дадена од граѓаните. Да зборуваме и за плановите за наредната година, истакна премиерот Заев на средбата.

Како што се наведува во соопштението, коалициските партии во Владата на средбата разговараа за сите економски планови и проекти, за реализација на мерките за заживување на економијата, како и за проектите кои следуваат за реализација во наредната 2021 година.

– Заеднички беше оценето дека Владата останува посветена на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во Програмата. Силна поддршка владините партнери дадоа и за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на ветото од Република Бугарија и беше заклучено дека земјава треба да продолжи по европскиот пат, затоа што нашата иднина е европска иднина, се истакнува во соопштението.
AhmetiПремиерот Заев, при тоа, изразил благодарност за поддршката од сите етнички заедници за ова прашање, како и за поддршката од коалициските партнери како репрезенти на мнозинството граѓани од сите етнички заедници.

– Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на било кој народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата. Во оваа прилика уште еднаш сакам да потенцирам, бидејќи ова е една широка, мултиетничка коалиција, мене како премиер но пред сé како човек, многу ми значи поддршката од сите, од вашата поддршка но и поддршката буквално сите етнички заедници, претставени од партиите во оваа наша коалиција, потенцира премиерот Заев.

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот, сериозноста на ситуацијата со есенскиот бран, коалициските партнери ги потврдиле и ги реафирмирале заложбите на Владата за брзо и ефикасно дејствување во санирање на економските и здравствените последици.

Премиерот Заев ги сумираше активностите во овој период и најави дел од следните чекори на владата за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата.

– Го реализиравме заемот кај Светска банка кој обезбеди средства за изградба на 16 модуларни болници ковид-центри во 16 градови. Донесовме ребаланс на Буџетот за 2020 година со што обезбедивме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра, пари кои завршуваат назад во економијата, назад кај граѓаните, рече премиерот Заев.

На средбата министерот за здравство Венко Филипче информирала за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс групниот механизам, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји.

– Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на анти-тела, истакна министерот Филипче.
FilipcheСите коалициски партнери ја поддржале определбата на Владата за продолжување на реформите и постигнување на европските стандарди дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, раст и развој на економијата и повисок животен стандард.

– Тоа е потврдено и со Буџетот предвиден за 2021 година кој обезбедува економско закрепнување, реализација на капиталните инвестиции, справување со коронавирусот, како и засилена динамика на спроведување на потребните реформи во секој сегмент во општеството во интерес на сите граѓани, се додава во соопштението од средбата на премиерот Заев со коалициските партнери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.